Пред најавеното невреме Кисела Вода ги чисти атмосферските шахти

Со цел да се превенираат можни штети од најавеното големо невреме за денес, Општина Кисела Вода презема активни мерки за чистење на атмосферските шахти. Тимовите на општината се на терен и интензивно работат на чистење на сите шахти, со цел да се обезбеди нормален проток на вода и да се спречат евентуални поплави. Како локална самоуправа редовно спроведуваме активности за …

Continue Reading

Зеленски: Разговарав со Орбан за тоа како да се постигне фер и траен мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Киев, дека двајцата разговарале за начините за постигнување праведен и траен мир. „Благодарен сум на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија минатиот месец). Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, рече Зеленски во објава на X платформата. …

Continue Reading

Ѓоковиќ за „Макфакс“ со совет до младите спортисти како да ги пребродат повредите: Верувам дека Калин бргу ќе се врати на терените

Новак Ѓоковиќ често изјавува дека со внимание ги следи младите тенисери од нашиот регион и дека секогаш е подготвен да им помогне со тоа што ќе го пренесе своето огромно и драгоцено искуство. Така, минатата есен, на своите подготовки во Дубаи ги повика најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски и најголемата српска тениска надеж Хамад Меџедовиќ заедно да тренираат. За жал, …

Continue Reading

Средба Тошковски – Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на …

Continue Reading

По најавите за невреме: зголемена внимателност и можност од локални проблеми со хидролошката состојба во одделни региони, препорачуваат надлежните

Соодветно најавата на синоптичарите дека во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и дека локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, во Секторот хидрологија е направена анализа на резултатите од достапните модели и е дојдено до заклучок дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места …

Continue Reading

Со уметност против дезинформациите дека Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување мит

Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите, како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева – уметница која ги разложува овие дезинформации и го негира нивното постоење. Социјалните мрежи се полни со лажни вести кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, а …

Continue Reading

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во државата

Плановите во делот на енергетиката поврзани со производство на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу Сања Божиновска министерката за енергетика и Артур Лорковски, директорот на Европскиот секретаријат за енергетика. Средбата се одржа во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина. На состанокот беа …

Continue Reading

Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола. За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“. Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа …

Continue Reading

(Видео) Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1.200 и 1.800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада, објави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Како што рече, станува збор за паричен надоместок кој како и …

Continue Reading