Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

hapsenje-privodjenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.

За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.

Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK