Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ

Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ, бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата. „Па видете тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека …

Continue Reading

Зеленски: Украина го зголемува производството на дронови и се што е потребно на бојното поле

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина го зголемува производството на беспилотни летала, оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и се што е потребно на фронтот. „Украина го зголемува производството на беспилотни летала, одредени видови оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и многу други основни предмети – се што е потребно на првите линии за да се спасат животите …

Continue Reading

Муцунски се сретна со амбасадорката на Хрватска: потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка. Тема на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија …

Continue Reading

Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следеше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има …

Continue Reading

(Вознемирувачко видео) Млад спортист колабираше на теренот и почина за време на турнир во бадминтон

Страшна трагедија се случи на турнирот во бадминтон во Индонезија која ја потресе тамошната јавност. Имено, младиот Жанг Жиџие (17) почина за време на натпреварот. На вознемирувачкото видео се гледа како Жанг колабира на теренот, а лекарите влетуваат и се обидуваат да му помогнат. 中國羽球選手張志杰,昨晚在印尼亞青錦標賽中對陣日本選手時,突然倒地開始抽蓄。 送醫後不治身亡。 pic.twitter.com/6bry9uL5h8 — 風暴士兵 🪐🪬Taiwan only (@dabowagaga) July 1, 2024 „Бадминтон Азија, ПБСИ и организацискиот …

Continue Reading

Трагедија во Грција: британски нуркач се удави додека истражуваше познат потонат брод

Британски турист трагично загина нуркајќи во близина на познат грчки потонат брод, пишува „Сан“. 33-годишниот маж се удавил додека нуркал кај потонатиот брод Епаноми во Солун поради „немирно море“, јавуваат локалните медиуми. Нуркачот влегол во неволја во неделата попладне, поради лошото време. Официјален претставник на крајбрежната стража изјавил дека кога пливал, времето се променило и почнало да врне. – Веднаш …

Continue Reading

Европската комисија ја предупреди Мета дека нејзиниот бизнис модел го прекршува Законот за дигитални пазари

Европската комисија (ЕК) ја предупреди Мета, сопственик на платформите Фејсбук и Инстаграм, дека нејзиниот деловен модел „плати или согласи“ го прекршува Законот за европски дигитални пазари (ДМА). Корисниците на компанијата Мета во моментов можат да плаќаат за услугата на дигиталните платформи без следење активности и реклами или да ја користат услугата бесплатно под услов да се согласат компаниите да ги …

Continue Reading

Мицкоски: По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови за живот

„По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде срушен. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство. 1800 метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари. Има и одредена симболика за овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. „Тука …

Continue Reading

Мицотакис: Грција се соочува со опасно лето поради пожари, суша и ветрови

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот. „Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните …

Continue Reading