Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје
Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се префрлени на Инфективната клиника во Скопје. Мажите на возраст од 76 и 64 години денеска се во релативно подобра состојба. Двајцата најверојатно налетале на змиско гнездо, а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на дланката, па потоа …
Continue Reading
Малолетник се скарал со мајка му и побегнал од дома, полицијата го бара
Денеска во полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Continue Reading
АА: Коалицијата Влен најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели
Со голема загриженост ги следиме политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници, велат од Алијансата за Албанците во дијаспората. „Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во Балансерот, бришејќи не од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на …
Continue Reading
Вреди: Лицемерно е ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби
Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби, реагираат од коалицијата Вреди. „Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, нула Албанци застапени во армиската единица ‘Волци’. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски …
Continue Reading
МНР: Реалната бројка на етнички Македонци во земјата не ја отсликува пописот во Албанија
Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од пописот одржан во Република Албанија во 2023 година и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница. „Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република …
Continue Reading
Стојаноски: Покачувањето на пензиите за 5.000 денари е остварено веќе во првата недела
„Покачувањето на пензиите за 5.000 денари беше едно од главните ветувања во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата“, посочи денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Тој напомена дека покачувањето ќе се реализира во два наврати. Како што рече, првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември, тоа …
Continue Reading
Левица: Со денови се чека на Онкологија поради недостаток на кадар и лошо менаџирање
Поради недостаток на кадар и лошо менаџирање на постоечките човечки ресурси, во јавните здравствени установи се чека со денови за преглед или администрација на терапија, реагираат од Левица. „До нас пристигна информација за случај на пензионерка, која по долг пат и многу надеж дека ќе ја прими терапијата на Клиниката за онкологија, била вратена дома без да ја добие потребната …
Continue Reading
Поради задоцнетите летови откажан е уличниот спектакл на француската театарска трупа „Кидам“
Изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) е откажана, откако уметниците од „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови. Од Францускиот институт во Скопје соопштија дека се работи само за одложување и посочуваат дека тие ќе го одржат своето ветување и ќе донесат голема и убава улична …
Continue Reading
Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2021 до …
Continue Reading