Во Газа загинале над 15 илјади деца, повеќе од 20 илјади се водат за исчезнати

Министерството за здравство на Хамас, палестинската организација која владее со Газа, денеска соопшти дека во израелските напади во претходните 24 часа загинале 47 лица. Од почетокот на војната пред повеќе од осум месеци, на таа палестинска територија загинале вкупно 37.765 лица, а 86.429 се ранети, пренесе агенцијата „Франс прес“. Според написите на светските медиуми се проценува дека повеќе од 15.000 …

Continue Reading

Меџити на средба со Агелер: Испораката на правдата мора да биде неселективна

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на Претседателот на Владата и на Република Северна Македонија, Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на САД во нашата држава Ангела Агелер. На средбата Меџити ги истакна клучните приоритети и стратешки определби на новата Влада и упати уверување до амбасадорката Агелер дека како владеачко мнозинство, Владата останува и понатаму максимално …

Continue Reading

Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна

Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници. Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, се истакнува во информацијата од неговиот кабинет, по посетата на затворот. Во разговорот со …

Continue Reading

Јотова со порака: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Јотова како што пренесуваат бугарските медиуми, вели дека не спречуваат никого во самоопределувањето, но ќе ги спречат обидите да се припише историјата. „Ние не спречуваме никого во самоопределувањето ниту во нивниот јазик, но многу ќе ги спречиме токму овие обиди да се припише историјата, на …

Continue Reading

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија. Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека …

Continue Reading

Странски турист во Охрид паднал во непристапен терен во близина на хотел „Десарет“

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека после пладне, на Единствен повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош. Заради непристапнапноста на теренот медицнската …

Continue Reading

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

Подобро разбирање на проблемот и справување со булингот беше во фокусот на работилниците што „Макпетрол“ ги овозможи во над 150 училишта од сите делови на Македонија. Во секоја од 26 општини што се приклучија на општествено одговорната кампања на компанијата, учениците од психолог стекнаа најразлични знаења за врсничкото насилство. Според неофицијалните проценки, помеѓу 35,000 и 45,000 деца учествуваа во овие …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Уште едно лице од Непал исчезнало од Скопје

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(26) од Скопје пријавил од местото каде престојувал се оддалечил П.Г.(28) од Непал, со престој во Скопје, кој бил вработен во приватна фирма. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Continue Reading

МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет

Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот …

Continue Reading