Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираат да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. …

Continue Reading

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Венко Филипче својата кампања за претседател на СДСМ на внатрепартиските избори во партијата вчера ја продолжи од Битола од каде зборуваше за клучните нови тела кои ги предлага во програмата. Тој особено се задржа на Комисијата за етика и одговорност за која посочи дека е од витално значење за градење на култура на интегритет и одговорност за сите свои функционери. …

Continue Reading

(Видео) Крмов до Мицкоски: Дадете заклетва без Северна

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на собраниската седница го повика мандатарот Христијан Мицкоски да даде заклетва без „Северна“. „Секогаш кога ќе има лоша влада на СДСМ, доаѓа ВМРО и обратно и, за жал, мандатаре, Вам Ви се обраќам, уште во старт ретириравте на неколку полиња! Прво и основно ретериравте кај придавката Северна и рековте дека сега ќе го изговарате, наводно, …

Continue Reading

Три недели трае потрагата по момчето во Италија кое исчезна по надоаѓањето на реката, девојките со коишто беше починаа

Младото момче кое на крајот на мај заедно со две девојки го однесе надојдената река во Италија, се уште се води за исчезнато. Потрагата по Кристијан Молнар (25) трае речиси еден месец, а еден детаљ полека ја убива надежта на сите дека телото на Кристијан ќе биде пронајдено. „Спасувачите ја пронајдоа и извадија кредитната картичка на една од девојките кои …

Continue Reading

ЕУРО 2024: Последно коло во А групата

Натпреварите во А групата, вечерва ќе го отворат третото коло на Европското првенство во Германија. Од 21 часот се среќаваат Германија и Швајцарија и Шкотска и Унгарија, а сите четири селекции играат за нешто, Германија и Швајцарија се борат за првото место, а Шкотска и Унгарија се борат за место во осминафиналето. Германија во последното коло влегува со шест бода, …

Continue Reading

Ја нарекувале грдото пајче, а денес е жива легенда

На вчерашен ден пред 75 години се роди една од најголемите холивудски ѕвезди. Многумина ја знаат како „Челичната дама“ и жената без која светот на глумата не би бил тоа што е, а во прашање е легендарната Мерил Стрип. Мери Луиз Стрип е родена на 22 јуни 1949 година, а уште како дете покажала талент за глума и пеење. Првиот …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, во пресрет на денешното продолжение на седницата за избор на новата Влада. Од тука истакнуваат дека идната влада ќе се соочи со …

Continue Reading

Италијанскиот остров ја укина забраната за туристи што ја донесе поради недостигот на вода

Италијанскиот остров Капри ја укина забраната за туристи откако беа решени проблемите со водоснабдувањето на популарната туристичка дестинација. Забраната беше објавена рано вчера, поради што неколку утрински фериботи од Неапол и Соренто беа принудени да се вратат во пристаништето. Сепак, вчера вечерта градоначалникот на островот Паоло Фалко изјави дека забраната е укината откако е решен техничкиот проблем што го спречува …

Continue Reading

Полицаец застрелан во вратот во Филаделфија

Tриесет и едногодишен полицаец е тешко ранет во престрелка во Филаделфија, изјави полицискиот комесар, Кевин Бетел. Бетел на прес-конференција рече дека полицаецот бил застрелан во вратот, и се наоѓа во критична состојба во Универзитетската болница Темпл и лекарите се борат за неговиот живот. Овој ранет припадник на полицијата во Филаделфија, со повеќе од шест години служба и неговиот партнер, синоќа …

Continue Reading