ПСЖ му должи на Мбапе 100 милиони евра

Килијан Мбабе и Париз Сен Жермен конечно се разделија летово, но приказната се уште не е завршена. Имено, француските медиуми пренесуваат дека новиот играч на Реал Мадрид го потсетил клубот дека се’ уште ги немаат исплатено неговите неподмирени плати и одредени бонуси. Се работи за 100 милиони евра. Тоа се заканува да ги залади односите меѓу двете страни бидејќи минатото …

Continue Reading

Масовен руски напад врз Украина

Руските воени сили синоќа извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Објектите на украинскиот оператор Укренерго се оштетени во регионите на Запорожје на југот на земјата и во Лавов на запад“, соопшти Министерството, додавајќи дека во нападите се повредени двајца вработени. И двајцата потоа беа хоспитализирани во болница во Запорожје. …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

(14.06.2024 – 19.06.2024) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност)   *** Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ  се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, …

Continue Reading

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во моментот кога кај сите работат клима уредите, а потрошувачката е огромна – некои далноводи испаднале од системот. Засега нема официјални информации што го предизвикало колапсот на електроенергетскиот систем кој во петокот остави без струја големи делови од четирите балкански држави. …

Continue Reading

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и до еден час за да ја поминат границата од грчката страна. Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците раскажуваат дека целото патување се продолжува дури и за неколку …

Continue Reading

Сончево време со температура до 40 степени, во понеделник краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. …

Continue Reading

Американскиoт носач на авиони стигна во Јужна Кореја, откако Путин пред неколку дена беше во Северна

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Теодор Рузвелт денеска пристигна во јужнокорејскиот пристанишен град Бусан на заеднички воени вежби овој месец со земјата домаќин и Јапонија, соопшти јужнокорејската морнарица. Лидерите на трите држави се согласија на самитот во Кемп Дејвид во август 2023 година да одржат годишни воени вежби и го осудија „опасното и агресивно однесување“ на Кина во …

Continue Reading

Фараж ги налути британските политичари со изјавата дека ја испровоцирале војната во Украина

Лидерот на британската десничарска и популистичка Реформска партија, Најџел Фараж, е обвинет од истакнати британски конзервативци и лабуристи дека го брани Путин и го повторува неговото „гнасно оправдување за бруталната инвазија на Украина“. Секретарот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли реагираше откако Фараж рече дека Британија ја испровоцирала оваа војна, повлекувајќи поврзаност помеѓу проширувањето на НАТО и Европската …

Continue Reading

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Мандатарот, Христијан Мицкоски, претходно неделава го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Тој денес ќе треба да ја образложи програмата и предлогот, по што почнува расправата во Собранието. Владата се избира со поддршка на …

Continue Reading