21 јуни, петок пред Духовден, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 21 јуни 2024 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Continue Reading

Во текот на една недела санкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „Во периодот од 10.06. до 16.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство …

Continue Reading

Претрес во Битола, пронајдена дрога, уапсен малолетник

Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола, извести МВР. „При петрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага“, велат од МВР. Малолетникот бил приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Кинотека потсетува: Пет години од смртта на Кирил Ценевски (1943-2019)

Денес, на 17 јуни, навршуваат точно пет години од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија. Неговиот првенец и дебитантски игран филм ЦРНО СЕМЕ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм („Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот фестивал; „Жар-птица“ за најдобар режисер …

Continue Reading

Трето издание на Охридскиот вински фестивал

Оваа година фестивалот Охридскиот вински фестивал ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти. На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката …

Continue Reading

Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија

Во Антверпен на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни ,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски , Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK . Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој е катализатор …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност

Кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки. Овие кризи предизвикаа силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години. Исто така, економиите со стратегија на стабилен курс на домашната валута, како нашата, се справуваа и со големи притисоци за задржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, од …

Continue Reading

Отровната риба-змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, секој пат сценариото е слично

Рибата „dragon“ или како што кај нас ја нарекуваат риба пајак или змеј риба е една од опасностите заедно со медузите кои демнат во морето на неколку локации кои традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот. При убодот, испушта отров, предизвикувајќи силна болка. Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, …

Continue Reading

Муцунски: Ќе се залагам да ја зацврстиме нашата позиција меѓународно и да создадеме можности за засилен раст и развој

Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Христијан Мицкоски, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада, напиша актуелниот градоначалник на Аеродром, и иден министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „Искрено ја ценам честa која ми …

Continue Reading