Седумгодишно момче го касна поскок во Далмација, заврши во болница

Денеска во Далмација, во околината на Сплит, седумгодишно момче беше каснато од поскок. За потсетување, поскокот е еден од трите видови отровни змии во Хрватска. Како што објави хрватски Индекс, поскокот го каснал детето за рака. Момчето е префрлено во КБЦ Сплит, од каде велат дека детето е стабилно, е хоспитализирано и се лекува според правила.

Continue Reading

Чешка купува тенкови „Леопард“ заедно со Германија

Чешката влада го одобри планот да и се придружи на Германија во заедничко купување до 77 тенкови „Леопард 2А8“ за да го замени вооружувањето на Чешката Република од советската ера, објави премиерот Петр Фиала. Одобрувањето е чекор кон финалниот план за заедничка набавка од германско-францускиот производител КНДС, која се очекува до крајот на годинава. „Владата одобри да се приклучи кон …

Continue Reading

Шпански АС: Скандал во Албанија, Европското првенство ја парализираше земјата

Албанија е во групата Б заедно со Хрватска, Италија и Шпанија. Албанците го отвораат Европското првенство во сабота од 21 часот со натпреварот против Италија на Вестфаленштадион во Дортмунд. Ова ќе биде втор настап на Албанија на континенталните натпреварувања (дебито беше во Франција во 2016 година), а фудбалската еуфорија ја тресе оваа земја. Дури 50.000 Албанци, од кои огромното мнозинство …

Continue Reading

Меси откри во кој клуб ќе ја заврши кариерата

Легендарниот Лео Меси (36) полека ја привршува својата неверојатна кариера, која како што стојат работите ќе заврши во клубот во кој моментално настапува, Интер од Мајами. Лео ја одработува втората сезона во клубот од Флорида со кој има договор до крајот на 2025 година. Тој моментално се наоѓа во кампот на репрезентацијата на Аргентина, поточно во Мајами, со кој се …

Continue Reading

Руска нуклеарна подморница пристигна во Куба

Руска подморница на нуклеарен погон и други бродови на руската морнарица денеска пристигнаа во Куба во петдневна посета на комунистичкиот остров во близина на брегот на Флорида. АФП вели дека тоа е демонстрација на сила во услови на зголемени американско-руски тензии. Подморницата Казан, за која Куба вели дека не носи нуклеарно оружје, била придружувана од фрегатата Адмирал Горшков, танкер за …

Continue Reading

Ерменија: Ќе ја напуштиме безбедносната алијанса на Путин

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ја објави својата намера да ја повлече земјата од безбедносната алијанса на неколку поранешни советски држави во која доминира Русија. Тој истакна дека неговата влада допрва треба да одлучи кога ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), група која ги вклучува Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Белорусија. Одлуката доаѓа во време на …

Continue Reading

(Видео) Брутален руски ракетен напад врз родниот град на Зеленски, најмалку шест мртви

Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во руски ракетен напад врз јужниот украински град Криви Рих, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Криви Рих e родниот град на украинскиот претседател. „Секој ден и секој час рускиот терор докажува дека Украина заедно со своите партнери треба да ја зајакне својата воздушна одбрана“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Тој објави видео …

Continue Reading

Макрон создава пакт против екстремната десница: „Маските паднаа“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика ривалските партии лево и десно од политочкиот центар да му се придружат во формирањето сојуз против екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен на претстојните предвремени парламентарни избори. Во предизборниот говор само неколку дена по распишувањето на предвремените избори, Макрон призна дека направил грешки, додавајќи дека Французите го покажале своето незадоволство. …

Continue Reading

(Видео) Уапсени белградски макроа, едниот ја принудувал својата девојка на проституција

Српското Министерство за внатрешни работи објави видео од апсењето на белградските макроа С.С. (46), П.Д. (25) и Ѓ.Љ. (29). Тие се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе. Тие се осомничени дека од февруари до јуни годинава, искористувајќи ги тешките услови во кои живеела, врбувале 20-годишна девојка да се занимава со проституција за да се стекнат со …

Continue Reading