Маж во Мексико почина од птичји грип

Светската здравствена организација (СЗО) ја потврди првата смрт на човек заразен со подтипот на птичји грип H5N2. Тоа е исто така првиот случај на инфекција од птичји грип во Мексико. „Ова е прв лабораториски потврден случај на инфекција со подтип А (H5N2) птичји грип кај човекот и првата инфекција со вируси H5 во Мексико“, се вели во изјавата на СЗО. …

Continue Reading

Подготвен e да „војува“ со клубот за да игра за репрезентацијата

Голманот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Емилијано Мартинез изјави дека сака да учествува на Олимписките игри во Париз и дека е подготвен да „војува“ со својот клуб Астон Вила за да ја оствари целта. „Секогаш сум ја ставал аргентинската репрезентација на прво место и ако треба да се борам со мојот клуб, ќе го сторам тоа“, им изјави Мартинез на …

Continue Reading

Гаши се сретна со бугарскиот амбасадор: Потребно е постојано да се унапредуваат односите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња. Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот …

Continue Reading

Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, …

Continue Reading

Првото засилување на Мурињо ќе дојде од Реал?

Жозе Мурињо пристигна во Истанбул каде ќе го тренира Фенербахче за годишна плата од 10 милиони евра. Португалецот потпиша на две години, а еден од првите потези во гигантот од Истанбул беше повикот до неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да го убеди раководството да го испрати Арда Ѓулер на позајмица. Еден од најголемите турски таленти од Фенер минатото лето пристигна …

Continue Reading

Мицкоски: Ајде да видиме што Грција направи овие години, нема да бидеме подлизурковци и да се понижуваме самите

Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот устав и тука нема никаква дилема. Секој кој е дел од институциите треба да ги почитува. Како човек кој што ќе ја предводи владата, сум обврзан да ги почитувам законите и уставот, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов мандатар, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали стравува од влошување на односите со …

Continue Reading

Свечено отворање на 45 издание на фестивалот Скопско лето, со ексклузивен концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли Ан на 21 јуни

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ ќе настапи на отворањето на Скопско лето. Звјездан доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко – Звјездан е човек – оркестар! Иако Звјездан е академски џез пијанист, тој го опишува Пианотрон како филмска музика, украсена со влијанија …

Continue Reading

Отворен повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс Форум 2024

МакеКоПроДокс форумот на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција. Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15тото …

Continue Reading

Мицкоски: Двотретинското мнозинство ни е потребно за да се распуштат Советот на јавните обвинители и Судскиот совет

Формално ние можеме да ја избереме новата Влада уште утре со 61 пратеник, но имајќи ги во предвид разговорите кои привршија и коалицијата што е направена, наш предизвик е да имаме двотретинско мнозинство во парлоаментот, изјави Христијан Мицкоски кој денес го доби мандатот за составот на новата Влада. „Тоа мнозинство ни е потребно затоа што планираме преструктуирање на Владата поврзано …

Continue Reading