Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено …

Continue Reading

Грчки и турски навивачи го „окупираа“ Берлин

Вечерва во „Убер арена“ во Берлин ќе започне завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Актуелниот шампион Реал ќе се обиде да ја одбрани титулата во конкуренција на Фенербахче и грчките гиганти Олимпијакос и Панатинаикос. Првото полуфинале ќе започне во 18 часот, ќе играат Панатинаикос и Фенербахче, три часа подоцна во реприза на финалет од мината сезона ќе се сретнат Реал и …

Continue Reading

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е подарок за палестинската милитантна група Хамас. „Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас, напротив“, изјави Борел, наведувајќи дека палестинските власти не се Хамас и дека, напротив, тие се длабоко конфликтни, пренесе Ројтерс. Борел истакна дека ЕУ веќе ги …

Continue Reading

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествува на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија

Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, учествуваше на 19. Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови (CECC) кој оваа година се одржа во Кишињев, Република Молдавија. Во рамките на Конгресот, се одржаа три пленарни сесии со фокус на односот помеѓу уставните и меѓународните судови, политиката и правото во корелација со надлежностите на уставните судови и примената …

Continue Reading

Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува – и ние секогаш да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност

Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со …

Continue Reading

Македонската изворна музичка ризница претставена во Рим на манифестацијата „Ден на Светите Кирил и Методиј“

Со концерт на Националната установа Камерен оркестар на Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска, во салата „Балдини“ во Рим, вчеравечер, се одржа културната програма во рамки на традиционалната манифестација „Ден на Светите Кирил и Методиј“. На концертот на нашите уметници на кој присуствуваа и членовите на државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беа исполнети македонски изворни песни, сплет од староградски …

Continue Reading

Стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус 

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во …

Continue Reading

Апасиев: Југославија го обели образот на Европа

Во интервјуто за ,,Слободен печат”, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави. ,,Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да …

Continue Reading

Џафери: Успеавме во заложбите, македонскиот јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во EУ, се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните. Денешниот двоен празник, …

Continue Reading