(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига. Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1. …
Continue Reading
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата. Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300. Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници …
Continue Reading
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Continue Reading
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект. Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во …
Continue Reading
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи. Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани. „Кога се гласа без …
Continue Reading
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак. „Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс. Британскиот премиер Риши …
Continue Reading
(Видео) Ѓоковиќ со победа над Хофман го прослави роденденот
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Женева со победата над германскиот тенисер Јаник Ханфман во два сета. Ѓоковиќ прв пат во кариерата игра на овој турнир од серијата 250, а покрај победата тој го прослави и 37. роденден. Ѓоковиќ победи со 6:3, 6:3 по час и 12 минути игра и пауза поради дожд. Српскиот тенисер ја …
Continue Reading
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа. Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, …
Continue Reading
„Се вклучи знакот за сигурносниот појас и тогаш започна пекол“: патниците за турбулентниот лет во кој загина еден патник
Патниците на летот на Сингапур ерлајнс кој го погодија силни турбуленции, во кои еден патник загина, а седуммина беа тешко повредени, утрово конечно пристигнаа во Сингапур. Авионот на Сингапур ерлајнс кој полета вчера од лондонскиот аеродром Хитроу наиде на силни турбуленции по 11 часа лет. Авионот влегол во таканаречениот „воздушен џеб“ во воздушниот простор на Тајланд. Еден 73-годишен маж почина, …
Continue Reading