Тешко повреден работник од Челопек донесен на Клиника

Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен 57-годишниот Б.Ц. од село Челопек, тетовско, извести МВР. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на Гази Баба во Скопје, додаваат од МВР. Бил извршен увид.

Continue Reading

(Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени

Украински воени хеликоптери по втор пат за два месеци слетале во близина на линијата на фронтот во источна Украина за да се снабдат со гориво и муниција, а од воздух биле забележани од руски дрон, пишува Форбс. Неколку моменти подоцна, руската артилерија со долг дострел – веројатно балистичка ракета Искандер – разнесе три хеликоптери во близина на Павлохрад, 112 километри …

Continue Reading

Мајк Џејмс МВП на сезоната

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс е најдобар играч на Евролигата за сезоната 2023/24. Како и за сите други награди во Евролигата, за наградата МВП на сезоната одлучуваат гласовите на навивачите, новинарите, капитените и тренерите на клубовите од Евролигата. Монако трета година по ред стигна до плеј-офот, но оваа сезона во четвртфиналето загуби со 3-2 од Фенербахче и не успеа да …

Continue Reading

Преку проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“ Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите

Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“ го информираа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски за планираните активности кои треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период. Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија, фокусот на поддршката ќе биде насочен во изготвувањето на техничката спецификација за воспоставување …

Continue Reading

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласови, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управен суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1, 2 и 3 им биле украдени повеќе од 600 гласови, кои, како што обвинија лидерите на партиите во коалицијата, им биле префрлени на коалициите „Вреди“ и „Европски фронт“. Коалицијата „Храбро за Македонија“ најави кривична пријава против претседателот на Државната изборна …

Continue Reading

Средба на претседателката Силјановска Давкова со евроамбасадорот Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата претседателката Силјановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста …

Continue Reading

Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17

Телото на уште една жртва е пронајдено во урнатините на станбена зграда во Белгород, со што бројот на жртви се искачи на 17, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за „Тасс“. Белгород и неговата околина беа изложени на масовно украинско гранатирање во неделата. Русите тврдат дека остатоците од еден од соборените проектили погодил десеткатница во Белгород, што предизвикало …

Continue Reading

Мбапе играч на годината во Франција

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар фудбалер на француската Лига 1. Напаѓачот на Пари Сен Жермен ја доби престижната награда петти пат по ред. Одлуката ја донесоа членовите на Здружението на француски фудбалери. Во текот на сезоната, Мбапе постигна 44 гола во сите натпреварувања. Лига 1 е единствената лига во која сум играл досега во кариерата и зазема многу важно …

Continue Reading

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име, не очекува тежок период

Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога. „Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието, со помош на пратениците на ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, нека повелат во Собранието и со уставни измени нека го вратат старото име на државата. Не очекува тежок период. Се …

Continue Reading