11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. „Ново читање“ е именувана програмата на уметничкиот директор Ана Стојаноска, која денеска на прес-конференција ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Иницијалната позиција од …

Continue Reading

„Премиерот од Форино ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи“, велат од Град Скопје

На денешната прес-конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада, реагираат од Град Скопје. „Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот …

Continue Reading

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.05.2024 (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, …

Continue Reading

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешно-политички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски. „Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека „поразумен премиер“ се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од нејзиниот евроатлантски пат“ вели Пеевски и му се обраќа на …

Continue Reading

Тим потврди дека ја завршува кариерата

Австрискиот тенисер Доминик Тим потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата. Победникот на Ju-es open во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, на турнирот што ќе се одржи од 21 до 27 октомври. „Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Од повеќе причини ја донесов оваа одлука. Мојот зглоб …

Continue Reading

Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица

Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски …

Continue Reading

Со мопед удрил во метален столб на Партизанска: две лица тешко повредени

Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж

Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна …

Continue Reading