ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори. Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, …
Continue Reading
На избирачко место во Гази Баба ќе се гласа до 21 часот вечерва, гласањето продолжено на вкупно четири гласачки места во земјава
Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири избирачки места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека гласањето е најмногу продолжено на едно избирачки место во Гази Баба. „Продолжување на гласањето ќе има во следните места: Зелениково, избирачко место 2376 до 20.20 часот, Гази Баба избирачко место 2544 …
Continue Reading
Тошковски: Ова беа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога
Во Република Македонија се одржаа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој оцени дека не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се заблагодари на македонските полицајци, граѓаните кои, како што рече, покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското …
Continue Reading
Даштевски: Сега можеме да кажеме дека цензусот е исполнет, за претседател гласале 767.715 гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва извести дека одѕивот на претседателските избори е 46,31 отсто, а на парламентарните 53,30 отсто. До 18.30 пристигнати се податоци за одѕивот на претседателските избори од 3186 избирачки места. Од вкупно запишани 1.657.939 гласачи на овие избирачки места гласале 767.715 гласачи односно 46,31 отсто. „Сега можеме да се кажеме дека е исполнет цензусот“, рече претседателот на …
Continue Reading
„Македонија добива нов претседател и нова влада“, најави Муцунски
„Цензусот е постигнат. Македонија добива нов претседател и нова влада, предводена од Христијан Мицкоски“, напиша на социјалните мрежи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и за нивниот придонес за мирни, фер и демократски избори.
Continue Reading
Јавно обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања во гласањето и пријави за изборни инциденти
Јавното обвинителство соопшти дека до затворањето на избирачките места, изборниот ден поминал генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти. „Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите …
Continue Reading
Адеми тврди дека симпатизери на Европскиот фронт гласале за претседател: „Оставивме самите да одлучат“
Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција изрази благодарност до секој гласач што ја избрал европската иднина и ги осуди, како што велат, обидите на опозицијата преку пропаганда и лажни вести да сее страв. Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека Европскиот фронт денеска ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина …
Continue Reading
(Видео) Груби ги бојкотираше претседателските избори
Вицепремиерот Артан Груби не гласаше на вториот круг од претседателските избори. Во видеото објавено на неговиот фејсбук профил, се гледа дека на членовите на комисијата им вели дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа става гласачко ливче само во таа кутија. Видеото можете да го погледнете на ЛИНКОТ.
Continue Reading
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори. „Пропадна сценариото да …
Continue Reading