Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, приведено едно лице

Вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

(Видео) Јанакопулос на српски го пцуе судијата

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно се најде во центарот на вниманиетот поради своето некулторно однесување.   Панатинаикос, синоќа, во драматичен натпревар во Белград загуби од Макаби со 83:85. Макаби поведе во четвртфиналната серија со 2:1 и во четврток може да обезбеди пласман на завршниот турнир. Виниовни за поразот според Јанакопулос се судиите. За една одлука клубот вложи жалба …

Continue Reading

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен е милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Каевски како директор на АМС, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 …

Continue Reading

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата …

Continue Reading

Белгија без Куртоа на ЕУРО 2024

Белгискиот голман Тибо Куртоа ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на лигаментите на коленото. Куртоа ја пропушти целата сезона и му требаше уште една операција во март кога се појавија проблеми во неговото закрепнување. Тој би можел да се врати на терените во тимот на Реал Мадрид пред крајот на сезоната, но селекторот на Белгија, Доменико …

Continue Reading

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење …

Continue Reading

Колони возила на Богородица се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, …

Continue Reading

131 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… Сообраќајните контроли …

Continue Reading

(Видео) Нестварна секвенца на Мекси, ја спаси Филаделфија од елиминација

Неверојатната партија на Тајрис Мекси ги обележа плеј-оф натпреварите одиграни во Источната конференција. Филаделфија победи во Њујорк по едно продолжение со 112:106 и го намали резултатот во серијата на 2:3. Тајрис Макси го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ во последните 25 секунди. Бекот на Севентисиксерс, најпрвин погоди тројка под фаул, потоа Џош Харт на спротивната страна реализираше едно слобоно фрлање, а …

Continue Reading