Тошковски: Граѓаните на Кочани добиваат термини за лични документи во рок од еден ден

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани. Контатирано беше дека Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден. „Што се однесува до Одделението за внатрешни работи Кочани, …

Continue Reading

(Видео) Турист загина откако паднал во морето кај Тенерифе: сакал да ги слика брановите, хеликоптер залудно се обидуваше да го спаси

Турист загина откако падна во морето кај Тенерифе. Се верува дека 53-годишниот чешки државјанин се обидувал да ги фотографира големите бранови додека траело невремето во Пуерто де ла Круз во средата попладне. Fallece un varón de 53 años al caer al mar en la costa de Puerto de la Cruz en #Tenerife ➡️ Se precipitó mientras hacia fotos de la …

Continue Reading

(Видео) Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: летаат факели и молотови коктели

На протестот организиран во Тирана од опозициските партии со барање за смена на градоначалникот, демонстрантите се судрија со полицијата пред градското собрание на албанскиот главен град, јавуваат локалните медиуми. Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик. Насобраните бараат разрешување на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај и го …

Continue Reading

Кривична против маж од Струга, започнал да гради објект без одобрение за градба

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 55-годишниот Б.А. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“, извести МВР. „Во својство на инвеститор, пријавениот во текот на октомври 2023 година во Струга започнал со изградба на објект за домување без да поседува одобрение за градба“, соопшти МВР.

Continue Reading

Приведени седум мигранти од Непал, се обиделе нелегално да ја преминат границата кон Грција

Вчера во 10.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција, извести МВР. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот. „Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека …

Continue Reading

Со „југо“ влетал во двор и удрил во маса, а потоа следела масовна тепачка, уапсен штипјанец

Вчера вечер во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода 23-годишниот Р.С. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле 52-годишната С.Т. од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко, извести МВР. Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. …

Continue Reading

Претрес во Кочанско, пронајдено оружје и куршуми

Вчера во 16.30 часот во село Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани, со судска наредба, извршиле претрес на домот и помошните простории на 38-годишниот М.Ј. од село Тркање, извести МВР. „При претресот биле пронајдени и одземени еднострелно долго оружје „oрозара“ калибар 16мм, едно репетирачко долго оружје „Застава Крагуевац“ и повеќе различни видови куршуми и ловечки патрони со различен калибар“, …

Continue Reading

(Видео) Муцунски: Фридом хаус ја квалификува Македонија како цикличен хибрид, криминалот и корупцијата се главен проблем

„Според оценките на Фридом хаус дадени и објавени во нивниот последен извештај за „Државите во транзиција 2024“ Република Македонија се наоѓа на листата на нации во транзиција и е оквалификувана како „цикличен хибрид“, односно како систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени и реформи“, рече Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Во извештајот …

Continue Reading