(Видео) Турист загина откако паднал во морето кај Тенерифе: сакал да ги слика брановите, хеликоптер залудно се обидуваше да го спаси

branovi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турист загина откако падна во морето кај Тенерифе. Се верува дека 53-годишниот чешки државјанин се обидувал да ги фотографира големите бранови додека траело невремето во Пуерто де ла Круз во средата попладне.



На снимката објавена од службите за итни случаи се гледа како хеликоптер се обидел да го спаси додека огромни бранови удираат во карпите, пренесува „Скај њуз“.

Чешкиот државјанин бил извлечен од морето при плима, но веќе имал срцев застој. Болничарите се обиделе да го реанимираат додека го возеле до хелиодромот каде чекал лекар, но тој починал неколку минути подоцна.

Властите на Канарските острови ја повикаа јавноста да биде внимателна во близина на морето поради екстремните временски услови.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како големите бранови предизвикале значителна штета во крајбрежните области.

По должината на брегот беа расфрлани камења и остатоци – а куќите беа поплавени откако високата вода ги откорна вратите.

Над десетина домови и околу 40 луѓе се евакуирани во Тенерифе поради невремето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK