Сензација во Монте Карло, бранителот на титулата елиминиран во второто коло

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, во второто коло го заврши учеството на Мастерсот во Монте Карло. Австралиецот Алексеј Попирин по минути игра, во два сета (6:4, 6:4) го елиминираше бранителот на трофејот. Лани во финалето Рубљов го победи Холгер Руне. Попирин на тој начин му се реваншираше на Рубљов за единствениот пораз досега во меѓусебните дуели (Виена 2023). Абстралиецот подобро влезе …

Continue Reading

Демократскиот сојуз: Неодговорноста и лакомоста за пари ја изгореа Универзалната сала

Демокрстскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје. „Тука во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници, но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата. Обидите за релативизирање на последиците од пожарот,дека истата е осигурана,дека металната конструкција е во …

Continue Reading

(Видео) Гледачите разочарани за продолжението на Џокер: „Чија беше оваа глупава идеја да направат мјузикл?“

Студиото Warner Bros. Pictures го објави првиот трејлер за Joker: Folie à Deux, долгоочекуваното продолжение на Џокер од 2019 година, но има едно нешто што не им се допаѓа на повеќето обожаватели. Со Хоакин Феникс како Џокер и Лејди Гага како Харли Квин, трејлерот се отвора во менталната установа каде Артур Флек, попознат како Џокер, заврши на крајот од последниот …

Continue Reading

„Боинг ја жртвува безбеноста поради профит“ – инженер во компанијата изнесе нови обвинувања, случајот се истражува

Федералните воздухопловни власти ги истражуваат тврдењата на инженерот на Боинг, кој постојано изразуваше загриженост за два модели на авиони, соопштија американските власти во вторникот. Сем Салипур, инженер на Боинг, тврди дека компанијата направила пропусти за време на производството на 777 и 787 „Dreamliner“ и ризиците можат да станат катастрофални како што стареат авионите. Неговата формална жалба до Федералната управа за …

Continue Reading

Нејмар го купува клубот во кој ја започна кариерата?

Нејмар, фудбалер на Ал Хилал и бразилската репрезентација размислува да го купи славниот Сантос, клубот во кој ја започна кариерата. Славниот клуб од Сао Паоло има долгови од 130 милиони евра, а идејата на Нејмар е заеднос со неговиот татко да ги купи сите акции на клубот. Тој сака да го следи патот на славниот сонародник Роналдо, кој пред неколку …

Continue Reading

Почна увидот по пожарот во Универзална сала

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар. Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот …

Continue Reading

Во сообраќајка повредени осум лица, возачите имале 17 и 19 години

Синоќа во близина на селото Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот …

Continue Reading

Историско остварување на Анчелоти – 200 натпревари во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64) стана првиот тренер со 200 натпревари во Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак испиша историја во европското натпреварување во фантастичниот четвртфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити (3:3). Рекордот го достигна преку 21 сезона и со осум екипи: Парма (6), Јувентус (10), Милан (73), Челзи (18), ПСЖ (10), Баерн (12), Наполи (12) и …

Continue Reading

Со автомобил удрено 12 годишно дете во Скопје – МВР трага по возачот кој побегнал од местото на несреќата

Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што го напушти местото на несреќата. Се работи за 12 годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата. Од СВР Скопје за „Макфакс“ потврдија дека несреќата се случила на крстосница од улиците Московска и Женевска, а случајот бил пријавен …

Continue Reading