Сензација во Монте Карло, бранителот на титулата елиминиран во второто коло

3946477-80143248-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, во второто коло го заврши учеството на Мастерсот во Монте Карло.



Австралиецот Алексеј Попирин по минути игра, во два сета (6:4, 6:4) го елиминираше бранителот на трофејот. Лани во финалето Рубљов го победи Холгер Руне.

Попирин на тој начин му се реваншираше на Рубљов за единствениот пораз досега во меѓусебните дуели (Виена 2023).

Абстралиецот подобро влезе во мечот, а брејк во третиот гем му беше доволен да го освои првиот сет.

Рубљев возврати во четвртиот гем од вториот сет, но Попирин возврати веќе во следниот гем, а потоа 46. играч на светот направи уште еден брејк во деветтиот гем, а потоа го приведе мечот кон крајот.

Рубљов, шести на планетата, е во криза, откако во рана фаза го заврши учеството во Индијан Велс и Дубаи.

Во осминафиналето Попирин ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Алекс де Минор и Талон Грикспор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK