Пролетна акција за уништување глодари, инсекти и заштита од заразни болести во Центар
Општина Центар почна со редовна пролетна дератизација на цела територија. Во наредните две недели ќе бидат опфатени и дератизирани две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Дератизација во Центар се врши два пати годишно во пролетниот и во есенскиот период и ова е една од општите мерки што Општината ги презема за …
Continue Reading
Уште еден силен земјотрес од 6,5 степени ја погоди Индонезија
Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на индонезискиот остров Јава на длабочина од 10 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ). Земјотресот уследи по земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, регистриран повеќе од четири часа претходно, пренесува Ројтерс. Епицентарот на вториот земјотрес …
Continue Reading
Песков: „Воената операција се претвори во војна, бидејќи Западот интервенираше на страната на Украина“
Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние сме во војна. Да, почна како специјална воена операција, но штом таму се формираше група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Во тоа сум убеден и тоа …
Continue Reading
Двајца мажи од Тетовско се заканувале кон општинските инспектори и не дозволиле да измерат бучава
Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница. Според пријавеното, двајцата на општинските …
Continue Reading
(Видео) Робињо уапсен и одведен во затвор
Робињо, поранешен бразилски репрезентативец кој играше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан е уапсен во Сао Паоло и одведен во затвор каде ќе одлежи деветгодишна казна за силување девојка во Милано во 2017 година. Злосторството се случило на 22 февруари 2017 година во ноќен клуб во Милано, кога Робињо со својот пријател Рикардо Фалко и четворица непознати мажи …
Continue Reading
Ја претепал сопругата: уапсен 23-годишен тетовец
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17 часот и 10 минути на улица „29 Ноември“ во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В.К.. Тој претходно бил пријавен од неговата 20-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата.
Continue Reading
Сообраќајка меѓу три возила кај тетовски Групчин: повредени две лица од кои едно потешко
Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Скопје, во тетовски Групчин, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „фолксфаген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од скопско Бојане, „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Ј.Ј.(58) од тетовско Ларце и „опел“, исто …
Continue Reading
Принцот Вилијам е сериозно лут, а Кејт вознемирена и разочарана: извори од палатата откриваат информации за најбараната жена во светот
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наводно се вознемирени поради сите теории на заговор кои се појавија за здравјето на принцезата и нејзиното отсуство од очите на јавноста. Кралската аналитичарка Кејти Никол откри дека од извор знае дека и принцот Вилијам и принцезата Кејт се прилично шокирани и искрено изненадени од хаосот предизвикан од гласините. „Мислам дека има чувство на фрустрација, …
Continue Reading
Актери, музичари, околу 4.000 познати личности се жртви на лажна порнографија во Велика Британија
Речиси 4.000 познати личности се идентификувани како жртви на лажна порнографија, а информативниот ТВ канал 4 откри дека 255 Британци биле злоупотребени за да генерираат експлицитни снимки, меѓу кои и водителката Кети Њуман. Анализата што ја направи ТВ Канал 4 на петте најпосетувани веб-страници со лажна порнографија покажа дека на листата на злоставувани има речиси 4.000 познати личности, од кои …
Continue Reading