Актери, музичари, околу 4.000 познати личности се жртви на лажна порнографија во Велика Британија

677z381_677z381_hh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Речиси 4.000 познати личности се идентификувани како жртви на лажна порнографија, а информативниот ТВ канал 4 откри дека 255 Британци биле злоупотребени за да генерираат експлицитни снимки, меѓу кои и водителката Кети Њуман.

Анализата што ја направи ТВ Канал 4 на петте најпосетувани веб-страници со лажна порнографија покажа дека на листата на злоставувани има речиси 4.000 познати личности, од кои 255 се Британци, пренесува лондонски Гардијан.

Меѓу познатите личности чии лица биле користени и вметнати во порнографски содржини со помош на вештачка интелигенција, има актерки, ТВ ѕвезди, музичари и Јутјубери, но никој од нив не е именуван.

Анализата покажа дека петте најпосетувани веб-страници имале околу 100 милиони прегледи во период од три месеци.

„Навистина е злобно што не можам да ги видам луѓето кои го направија ова и тие можат да ја видат оваа измислена верзија од мене, оваа моја лажна верзија“, рече водителката на вестите на Канал 4 ТВ Кети Њуман, која беше идентификувана меѓу жртвите.
Според Законот за безбедност на Интернет, кој беше донесен како одговор на ширењето на лажна порнографија генерирана од вештачка интелигенција, споделувањето такви слики без согласност е нелегално во ОК од 31 јануари, но создавањето на содржината не е.

Бриселскиот портал „Политико“ претходно објави дека судот во Италија побарал од премиерката Мелони да сведочи во јули оваа година во граѓанска тужба против двајца мажи кои наводно биле вмешани во правење и објавување лажни порно видео со помош на нејзината слика користејќи вештачка интелигенција.

Лажните снимки се направени во 2020 година, пред нејзиниот премиерски мандат.

Премиерката бара отштета од таткото (73) и синот (40) за лажни порно видео снимки кои биле објавени на американска порнографска веб-страница и биле прегледани неколку милиони пати, се вели во обвинението, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK