Останал и без невеста и без пари – измамици од Тетово му донеле лажна невеста на ерген кој ја дарувал со евра и накит

Полицијата поднесе кривична пријава против 68-годишниот И.С. од селото Нераште, тетовско и 39-годишната Е.А.Н.од Слатино, тетовско, поради измама. „Тетовецот запознал маж со жената, која лажно му се претставила и откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат“, објави МВР. Тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, но свадба немало, а случајот сега е во рацете на …

Continue Reading

Силувано малолетно девојче во Крива Паланка, случајот го пријавила мајката

Триесет и двегодишна жена од Крива Паланка пријавила дека Б.Д. од Штип извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен. Засега нема информации за годините на штипјанецот, ниту детали за возраста на детето.

Continue Reading

Се паркирале на Партизанска, па неколку лица им го демолирале возилото додека седеле внатре – МВР го расчистува случајот

Колеги вработени во приватна геодетска фирма од Скопје останале заробени во возило кое било цел на напаѓачи. Според пријавеното, двајцата со автомобилот биле паркирани на подрачјето на Карпош, кога им пришле неколку лица кои со тврди предмети го оштетиле службеното возило на фирмата, додека тие биле внатре. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Градежник од Турција се повредил при работа во Центар, пренесен е на клиника

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Х.У.(50) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, информираа од МВР. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

(Видео) Пановски по обвинувањето дека украл 29 клупи: За жал, Арсовска не е потпишана за да се видиме на суд, се крие зад Градот

Изборите треба да се искористат да се изберат нов градоначалник на Скопје и нов совет оти вака не оди, вели професорот и член на Советот на Скопје, Никола Пановски, кој беше обвинет дека украл 29 клупи оти јавно праша каде се. За спорните клупи на кејот на Вардар на потегот од Градскиот парк до мостот кај хотелот „Александар палас“, кои …

Continue Reading

„Државата ги отпиша младите лекари“, велат од партијата Левица

Левица поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор до ДЗСИ за занемарените млади лекари, кои Македонија ќе ги изгуби, доколку Владата не им ја овозможи законски регулираната пракса. Тие веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, на која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација, известува партијата Левица. „По шест …

Continue Reading

ГРЕКО задоволни од исполнетоста на препораките кои се однесуваат на Јавното обвинителство

Министерството за правда денеска го објави Вториот аденум на Вториот извештај за усогласеност на Република Северна Македонија од Четвртиот круг на евалуација на тема – Спречување на корупција кај пратениците, судии и обвинителите усвоен од Групата на држави против корупција (ГРЕКО). Во најновиот извештај на ГРЕКО за нашата земја е констатира дека земјава задоволително ги исполнила најголем дел од препораките …

Continue Reading

Коцевски на средба со Декер: Подготвени сме да работиме многу и посветено, меѓутоа ќе бараме и ваша поддршка

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства, извести Обвинителството. Коцевски особено се осврна на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како и планираните активности …

Continue Reading

Реал заинтересиран за Лоренцо Браун

Реал Мадрид е заинтересиран за Лоренцо Браун, пренесува шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“. Поранешниот плејмејкер на Црвена звезда има уште две години од договорот со Макаби, но со оглед на нестабилната политичката ситуација во Израел, Браун е еден од многуте странци кои сакаат предвреме да го напуштат клубот. На ветеранот Серхио Родригез договорот со „кралскиот клуб“ му истекува на крајот од …

Continue Reading