Притвор по грабежот на обложувалница во Битола: влегол маскиран со нож и украл 65.000 денари

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило разбојништво. Осомничениот, на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата Охридска во Битола и со нож се заканил на вработената, барајќи и да му ги даде парите. Вработената исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во …

Continue Reading

Шпанското обвинителство бара речиси пет години затвор за Анчелоти

Обвинителство во Мадрид бара четири години и девет месеци затвор за Карло Анчелоти за наводна даночна измама во 2014 и 2015 година во износ од над еден милион евра, пишува шпанскиот весник „Марка“. Тренерот на Реал Мадрид е обвинет дека не плаќал данок во Шпанија, иако бил жител, и дека не пријавил приходи од авторски права и слики што му …

Continue Reading

Трипуновски: Барам да се направи анекс на договорите како што дозволува ДКСК, прашање е зошто Николовски крева паника и не ги потпишува новите договори

„Денес сум на работен состанок со земјоделците од Овчеполието, поточно во општина Свети Николе. Денеска ќе разговараме за еден проблем за кој што се дигна голема галама, а немаше потреба од такво нешто, односно станува збор за продолжување на договорите кои што истекуваат согласно претходните склучени договори“, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. „Најголем дел …

Continue Reading

Kaj Блаце приведен државјанин на Албанија, му фалеле страници од пасошот

Вчера на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле М.Л.(29) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасуваат неколку страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Continue Reading

Нови линии за улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Општина Илинден, како што велат оттаму, и оваа година продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување. Во рамките на овој проект поставени се нови линии на …

Continue Reading

МВР закажува за лична карта за октомври, но Џафери смета дека за 50 дена сите може да извадат документи за гласање

Техничкиот премиер Талат Џафери ги повика граѓаните кои немаат документи со новото име на државата, да поднесат барања за да ги извадат во следните 50 дена до изборите. Што ќе се случува доколку и по истекот на овие 50 дена има граѓани кои немаат документи, техничкиот премиер вели дека е тема за размислување. Тој побарал известување за динамиката на издавање …

Continue Reading

Ја каснало куче скитник, па бегајќи паднала: тешко повредена жена од Тетово

Педесет и едногодишната Н.Љ. од Тетово, вчеравечер во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Јордан Златановски“ во Тетово била касната од куче скитник, извести СВР Тетово. Притоа, бегајќи, паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

Continue Reading

Семејно насилство во Тетово: Син нападнал татко

Педесет и осумгодишниот тетовец Н.М., ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека вечерта околу 21 часот во семејниот дом физички бил нападнат од неговиот 31-годишен син, кој имал здравствени проблеми, а кој подоцна бил пренесен во тетовската Клиничка болница, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.

Continue Reading

Маж од Тетовско ја истепал снаата, задржан е во полициска станица

Вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 74-годишниот Е.З. од тетовско село, кој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет, извести СВР Тетово. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и …

Continue Reading