Бочварски во Куманово: Ја засилуваме динамиката на реализација на капиталните инвестиции, преку 2 милијарди евра инвестираме во патишта, железници, гасоводи

Го продолжиме трендот на зголемена реализација на инвестициите во капитални проекти во сите општини. Градежната сезона полека се отвора, а со тоа и динамиката на работа на терен. Денеска сум во Куманово да направам увид во реализацијата на капитални проекти што ги работиме преку централната власт, истака министерот Бочаврски од Куманово. Министерот изврши увид во градежните работи на улицата “300” …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Има ли некој кој уште го сфаќа сериозно Пендаровски

„Има ли некој кој сериозно го сфаќа Стево Пендаровски? Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон …

Continue Reading

Џафери за штрајкот на универзитетите: За 14 дена и марсовец да сте не може да постигнете да потпишете соодветни акти

Како претседател на Собранието, Талат Џафери, немал време да ја почне постапката за потпишување колективен договор со петте државни универзитети оти партиските тела веќе го известиле дека ќе биде премиер, а и неговиот наследник, новиот претседател, Јован Митрески имал рок од само 14 дена во кои не било возможно да ја заврши постапката. Техничкиот премиер Талат Џафери денес од Влада …

Continue Reading

Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, вели Кузеска

„Она што го нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание. Застанува диретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за …

Continue Reading

Ники Хејли се повлекува, отворен е патот на Трамп до претседателската кандидатура

Ники Хејли одлучи да се повлече од трката за претседател на САД, пишува WSJ. Хејли планира накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник. Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од …

Continue Reading

Шаќири: По изборите ќе се вратат хонорарците кои се неопходни за функционирањето на МКЦ

Директорот на МКЦ, Бени Шаќири, објави дека по завршувањето на изборите, хонорарците кои се неопходни за функционирањето на Младинскиот културен центар ќе бидат повторно работно ангажирани. Шаќири во соопштение наведе дека одлуката да не им го продолжи договорот на 30 хонорарци ја донел врз основа на известување од ДКСК , која сугерира во изборниот процес да не се потпишуваат договори кои …

Continue Reading

ДСЗИ ќе забрани прием на невакцинирани деца во градинки, тогаш кога препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена

Директорката на ДСЗИ Рената Младеновска на денешната прес-конференција истакна дека и покрај најголемото достигнување во медицината, вакцинацијата, се соочуваме со голем јавно здравствен проблем во 21 век и ги актуелизираме заразните болести. „Вчера се одржа состанокот на Комисијата за заразни болести во кој се даде препорака ДСЗИ да врши вонредни инспекциски надзори во предучилишните установи се со цел да забрани …

Continue Reading

Снегот во Хрватска, дожд и грмотевици во Далмација, невреме ќе се прошири и во другите делови на земјата

Во делови од Хрватска врне снег, а Далмација ја зафатија врнежи од дожд и грмежи, кои во текот на денот ќе се прошират и во другите делови на земјата. Според прогнозата на метеорологот, претежно суво ќе биде во северните делови на копното на Хрватска. Највисоката прогнозирана температура се движи од 11 до 16 Целзиусови степени, додека на планините ќе биде …

Continue Reading

Маж во Бујановац се удави пред своите деца, падна во Морава

Маж (69) од Урошевац во вторникот вечерта го загуби животот откако наводно од косовска страна паднал во реката Морава, кај преминот Бела Земја кај селото Кончуљ во општина Бујановац. Портпаролот на полицијата Исмет Хасани изјави дека постои сомневање дека жртвата случајно паднала во реката. „Според првите информации, починатиот заедно со синот и ќерката со автомобил заминале во правец на преминот …

Continue Reading