Манолева за Леонид Индов: Родителите немаат побарано мислење дали е можно лекувањето или рехабилитацијата да се заврши кај нас

Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјава се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик – министерката за здравство Маја Манолева вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас. Фондот за здравствено осигурување даде негативно мислење за лекувањето …

Continue Reading

Консеисао му одговори на Артета: Арсенал сакаше да игра, ние сакавме да победиме

Тренерот на Порто, Серж Консеисао одговори на критиките на колегата од клупата на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот помеѓу двата тима во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Со спектакуларниот гол на Галено во 94.минута Порто дојде до минимална предност пред реваншот во Лондон. Тренерот на „топчиите“ му порача на својот колега дека единствена тактика му била со мали …

Continue Reading

Со Бујар го почнуваме најважниот референдум за да ја оствариме нашата визија за консензуален претседател, рече Ахмети

Давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во обраќањето, првиот човек на интегративците повика на поддршка од гласачите и официјално објави дека актуелниот министер …

Continue Reading

Граѓаните се во агонија, време е за женска димензија во политиката, рече Силјановска- Давкова

Сакам  jaвно да изразам благодарност до сите своии колеги и колешки што ме уверуваа декаа сум добро решение за кандидатка за претседателка и во рекорднен рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам, порача кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Таа додаде дека за една професорка по демократија, ова е драгоцено искуство за неа. Се кандидира …

Continue Reading

Лук Литлер го потпиша најголемиот договор во историјата на пикадото

Британецот Лука Литлер потпиша соработка со компанијата „Таргет Дартс“, која произведува стрелички за пикадо. Според локалните медиуми, тоа е најголемиот спонзорски договор во историјата на пикадото. 16-годишникот стана светска сензација на неодамнешното Светско првенство во Лондон во јануари, кога загуби од Лук Хемфрис во финалето. Литлер стана најмладиот вицешампион на планетата, а најпрвин стана најмладиот победник на натпревар на СП. …

Continue Reading

Апанажа за Ковачевски и Спасовски во период од една година – ќе добиваат по 2.500 евра месечно

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година. Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно. Ковачевски побарал и добил право на користење службено …

Continue Reading

Мијалков ослободен од обвинението за „Трезор“

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујовски и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, во предметот „Трезор“. Судијката Имране Селмани, рече дека обвинетите се ослободуваат од обвинението бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат. Предметот се однесуваше …

Continue Reading

Во март ќе се зголеми платата на сите вработени во здравствениот сектор, потврди Манолева

Лекарите, помошно-техничкиот персонал и административните службеници во здравствениот сектор ќе добијат повисоки плати во март, потврди денес заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. „Во март, согласно Законот за минимална плата, ќе има усогласување на минималната плата не само на здравствените работници туку и на сите други, помошно-техничкиот персонал и административните службеници во здравствениот сектор“, рече заменик – министерката Манолева по посетата …

Continue Reading

Малолетник нападнат среде улица во Тетово од негов врсник

Малолетник од Тетово синоќа бил нападнат од друг врсник кого го познавал, среде улица. Насилството се одвивало околу 20.30 часот на улицата Борис Кидрич во Тетово. „Малолетникот физички бил нападнат од друг малолетник, кого го познавал, а кој бил со уште две други малолетни лица“, објави МВР во дневниот билтен. Се расчистува и документира случајот

Continue Reading