Џафери-Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Премиерот Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион. Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот …

Continue Reading

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи, ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши, велат од Социјалдемократскиот сојуз. Од …

Continue Reading

Северна Македонија годинава инвестира 327 милиони евра во одбраната, рече Петровска во Брисел на состанокот на НАТО

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана, каде во две сесии се разговараше за трансатлантското единство, плановите за одбрана и одвраќање, зголемените инвестиции во одбраната и сојузничката поддршка за Украина. „Северна Македонија е една од 18-те сојузнички земји кои го исполнија заеднички договорениот критериум за инвестирање …

Continue Reading

Во Уставниот суд оформени се пет предмети за личните документи без „Северна“, Кацарска не знае кога ќе се најдат на седница

Во судот се оформени пет предмети, доставени се до тимови -судија известител и советник на судот во врска со издавањето на личните документи, соопшти претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа не знае кога овие предмети ќе се најдат на седница бидејќи, како што рече, тоа ќе зависи од тимот којшто работи, а таа не сака да се меша во …

Continue Reading

Што направи во Владата во која 4 години е министер и лапа плата, освен што држи предавања: Лефков до Грковска

„Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?“, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. „Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да …

Continue Reading

Кампањата за претседателските избори ќе почне на 4 април, а за парламентарните на 18-ти

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април ќе почне на 4 април на полноќ и ќе трае до 22 април, соопшти Државната изборна комисија. ДИК го усвои роковникот според кој што кампањата ќе почне 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред изборниот ден. Учесниците, листите со кандидати за претседател на државата …

Continue Reading

Газета дело Спорт: Самарџиќ од јуни во Јувентус

Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ ги воодушевил скаутите на Јувентус на натпреварот во Торино со Удинезе, па „старата дама“ реши да го доведе на лето, пишува „Газета дело спорт“. Самарџиќ, во летниот преоден рок беше пред трансфер во Интер, во јануари беше на прагот да се пресели во Наполи, но двата трансфери пропаднаа. „Газета дело Спорт“, наведува дека српскиот играч за …

Continue Reading

Демири: Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува една од најважните инвестиции во јавното здравство

Министерот за здравство д-р Илир Демири  се обрати на Свечената Академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, којшто пред 3 недели беше пуштен во употреба. „Голема е честа денеска да се обратам на Свечената Академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за …

Continue Reading

Пендаровски за Законот за игри на среќа: За првпат ЕУ реагираше поради злоупотреба на европското знаменце, Груби би требало да е запознаен

Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала пред воопшто да се донесе законот заради злоупотреба на европското знаменце – за Законот за игри на среќа имаше таква реакција, вели претседателот Стево Пендаровски кој не го потпиша Законот. „За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, …

Continue Reading