Што направи во Владата во која 4 години е министер и лапа плата, освен што држи предавања: Лефков до Грковска

Што-направи-во-Владата-во-која-4-години-е-министер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?“, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

„Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да каже дали има криминал и корупција во нејзината влада?
1. Дали има криминал и корупција во случајот “Диво месо” и скандалот со Онкологија?
2. Дали има криминал и корупција во процесот со Коридорите 8 и 10, каде фирма за долен веш доби тендер за надзор над автопат?
3. Дали има криминал и корупција што Спасовски нарачал 250.000 обрасци и издавал пасоши за кои знаел дека важноста ќе истече порано од тоа што е впишано во нив?
4.Грковска да каже и дали има криминал и корупција кога братот на Артан Груби купува дуќан во центарот на Скопје по цена за квадратен метар од 700 евра, во услови кога реалната пазарна е 5 до 6 пати повисока?
5. Дали за Грковска има криминал во милионските тендери во РЕК Битола добиени од еден конзул на држава под санкции на ЕУ?“,  напиша Лефков во објава на „Фесјбук“.

Како што вели, се додека Грковска не каже јавно и јасно нека си ќути уште некое време нека си зема плата за џабе како што земаат сите тие што се во владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK