Полицаец нападнат на Бит Пазар

Полициски службеник бил нападнат вчера на Бит Пазар додека бил на своето работно место. Според информациите од МВР, за случајот приведен е М.Т.(34) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува пријава.

Continue Reading

Работник во фабрика во Пехчево се здобил со тешки повреди

Вчера од Итна медицинска помош Пехчево било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Б.Р.(57) од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Пехчево, велат од МВР. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Му се оствари сонот на Ериксон, ќе биде менаџер на Ливерпул

Свен-Горан Ериксон доби шанса да го исполни својот животен сон да го предводи Ливерпул, откако минатиот месец објави дека боледува од рак во терминална фаза. Ериксон ќе седи на клупата покрај легендите на Ливерпул како Иан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ, а на теренот ќе бида: Јержи Дудек, Сандер Вестервелд, Мартин Шкртел, Фабио Аурелио, Џибрил Сисе, Рајан Бабел. . …

Continue Reading
Ги скршија законските одредби за употреба на државното знаме и химна

Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за игрите на среќа, го повикува Собранието да почне нова дебата

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година. Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која …

Continue Reading

Илон Маск: Нема шанси Путин да изгуби во Украина

Милијардерот и претприемач Илон Маск ги предупреди американските сенатори дека „нема шанси“ рускиот претседател Владимир Путин да изгуби во Украина. На главниот извршен директор на компанијата „Тесла“ во коментирањето на ситуацијата во Украина му се придружија сенаторите Рон Џонсон, Џеј-Ди Венс и Мајк Ли, како и поранешниот републикански кандидат за претседателска номинација Вивек Рамасвами и претприемачот и инвеститор Дејвид Сакс …

Continue Reading

Матеус: Леверкузен ќе ја освои титулата во Бундеслигата

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус е убеден дека титулата во Бундеслигата оваа сезона ќе ја освои Баер Леверкузен. „Фармацевтите“, во саботата убедливо го победија Баерн Минех со 3:0. На теблата Баер има пет поени повеќе од Баварците. „Леверкузен заслужено победи, Баерн немаше шанси. Тешко ми е да кажам, но Баерн нема шанси да ја освои титулата во Бундеслигата. Тоа одамна …

Continue Reading

Возачките и сообраќајните ќе бидат бесплатни, иселениците нема да плаќаат за патните листови, најави Битиќи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи информира дека на денешната владина седница било донесена одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест. „За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест“, истакна тој. Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и …

Continue Reading

Драма во Приштина: Едногодишно дете проголтало играчка

Лекарите на УКЦ во Приштина успеале да го спасат животот на едногодишно дете кое проголтало дел од пластична играчка. Во објава на страницата на Фејсбук, УКЦ наведува дека дел од играчката го блокирала душникот на детето, ставајќи го неговиот живот во опасност. Детето било спасено со брзата интервенција на Итната помош, која го префрлила на Одделот за оториноларингологија, каде лекарите …

Continue Reading

Научниците открија километарски ѕид во Балтичкото Море, потекнува од каменото доба

Научници пронајдоа ѕид од камено доба долг речиси километар, на околу 10 километри од германското крајбрежје на дното на Балтичкото Море, пишува Гардијан. Тие случајно го забележале ѕидот во Мекленбуршкиот залив, благодарение на сонар. Ѕидот, кој го нарекоа Blinkerwall, се состои од околу 1.400 помали парчиња камен поврзани со речиси 300 камења, од кои многу се премногу тешки за група …

Continue Reading