Реал остана без централни дефанзивеци за мечот со Џирона

Едер Милитао, Давид Алаба, Антонио Рудигер, Начо Фернандез. Ова е списокот на сите стопери на Реал, но и на сите кои нема да настапат во еден од најзначајните натпревари сезонава за „кралскиот клуб“. Реал, во сабота од 18.30 часот во 24. коло во Ла Лига ја пречекува Џирона, сензација со која веќе подолго време менуваат на првото место, а останатите …

Continue Reading

Путин: Русија постигна конкретни резултати во ослободувањето на заложниците на Хамас

Рускиот претседател Владимир Путин им рече на лидерите на еврејската заедница во Русија дека Москва „постигнала конкретни резултати“ во дипломатските напори за ослободување на заложниците кои ги држела палестинската милитантна група Хамас. На средбата со главниот рабин на Русија, Берл Лазар и претседателот на Федерацијата на еврејските заедници, Александар Борода, Путин рече дека Русија ги искористила своите контакти со политичкото …

Continue Reading

„Талат Џафери казнет за прекршување на Уставот“, велат од партијата Левица

„Амнестиранатиот терорист со поддршка на неговите коалициски партнери СДС и ДПМНЕ, сега технички премиер Талат Џафери, плати парична казна откако Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила прекршување од страна на Џафери на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Уставот на РМ, паралелно извршувајќи две неспоиви функции: парламентарен спикер и член на претседателство на ДУИ“, соопшти …

Continue Reading

Тејлор Свифт ја ископира Кејт Мидлтон

Греми наградите за 2024 година веќе испишаа историја, особено поради познатите жени кои покажаа доминација, како во поглед на модата, така и благодарение на нивните успеси. Но, она што дури подоцна се прошири е стајлингот на Тејлор Свифт, кој се покажа дека неверојатно потсетува на Кејт Мидлтон. Случајност или не? Нема кој не беше воодушевен кога Тејлор Свифт се појави …

Continue Reading

Тренчевска: Предизвиците на лицата со попреченост се и наши предизвици

Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше на средба со Здружението на слепи на Општина Велес. Како што информираат од МТСП, на средбата било разговарано за поголема инклузија на слепите лица во општеството и обезбедување на повеќе ресурси за да се овозможи полесно нивно функционирање во општеството. Министерството за труд и социјална политика доследно ја покажува …

Continue Reading

Меџити: Покажав како треба да работи еден министер за здравство, направивме сериозно зајакнување на здравствениот систем

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, на денешниот брифинг за новинарите одговараше на најактуелните прашања во јавното здравство. Во своето излагање, тој потенцираше дека за 11 месеци покажале како треба да работи еден министер за она во што верува и сака да го спроведе во интерес на граѓаните и пациентите. Меџити, рече дека во изминатиот период направени се значајни подобрувања …

Continue Reading

Ковачевски: Предвремено го реализиравме ветувањето за 500 евра плата, денес просечната плата е 630 евра

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја посети компанијата Лапласт М, фирма со 45-годишна традиција на унапредување на производството, употреба на современи материјали, ефикасна монтажа и сервисирање на производите. При посетата, во разговор со вработените и со менаџментот, претседателот Ковачевски посочи дека потенцијалот на мерката со која домашните компании добиваат финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, мерка …

Continue Reading

(Видео) Во секој олимписки медал ќе има по 18 грама од Ајфеловата кула

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги претставија медалите што ќе ги добијат натпреварувачите за успесите во француската престолнина. Медалите ги дизајнираше познатата златарница Шомет, а она што ги прави посебни е нивниот централен дел. Секој медал содржи 18 грама оригинално железо од Ајфеловата кула. Точно 5.084 медали ќе има ова парче историја што се користело кога монументалната градба била …

Continue Reading

Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на Меџити и Алиу и именување нови министри

Премиерот Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, …

Continue Reading