Избори во Пакистан: Мобилните линии во прекин, убиени најмалку девет лица, милитантни напади
Пакистан денеска почна да ги брои гласовите, откако гласањето заврши на општите избори нарушени со напади на милитантите и прекин на мобилните телефонски линии, при што најмалку девет лица загинаа во насилство низ целата земја, според властите. Избирачките места се затворени, а се очекува телевизиите по неколку часа да објават проекции за резултатите. Јасна слика за исходот би можела да …
Continue Reading
Митрески – Агелер: Функционално и ефикасно Собрание е во интерес на граѓаните и на државата
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески денеска оствари средба со Анџела Прајс Агелер, амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, со која разговараа за приоритетните активности во законодавниот дом во наредниот период. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, амбасадорката Агелер му честитала на претседателот Митрески за изборот на новата позиција и му посака успешно извршување на функцијата. …
Continue Reading
(Видео) Џафери – Лосон: Обединетото Кралство има клучна улога во градењето европска демократија во Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, Н. Е. Метју Лосон. На средбата беа потврдени силните партнерски односи кои Северна Македонија и Велика Британија ги негуваат во рамки на НАТО, како и воспоставените трговски и економски односи кои се на високо ниво меѓу …
Continue Reading
Чеферин нема да се кандидира за реизбор во 2027 година
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александар Чеферин најави дека нема повторно да се кандидира за оваа функција во 2027 година. Британските медиуми јавија дека Чеферин оваа одлука ја соопштил во Париз каде се одржува 48. Конгрес на УЕФА. Чеферин е претседател на УЕФА од 2016 година. Оваа одлука Словенецот ја донесе откако УЕФА му го промени статусот и му …
Continue Reading
Француска актерка го обвини славниот режисер Беноа Жако за силување
Француската актерка Џидит Годреш го обвини филмскиот режисер Беноа Жако дека ја силувал кога имала 14 години во 1986 година и подоцна во 90-тите. Француското обвинителство отвори прелиминарна истрага за извештајот, кој, според адвокатот на Годреш, во вторникот бил доставен до Бригадата за заштита на малолетници во Париз, јавува Би-Би-Си. Жако, пак, во интервју за „Монд“ изјави дека целосно ги …
Continue Reading
Крмов: Левица со 485 амандмани го блокираше наменски закон за урбанизам
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи извести дека со 485 амандмани наменски блокирале закон за урбанизам кој, како што вели, „на урбаната мафија ќе и го продолжеше рокот за малверзации за 4 години“. „Предложен од ДПМНЕ, а вчера заеднички изгласан од широката коалиција ДПМНЕ/СДС/ДУИ“, додаде Крмов.
Continue Reading
АСОМ до Пендаровски: Не дозволувајте вашиот потпис да загрози 10.000 животи
По вчерашното изгласување на предлог измените на Законот за игри на среќа, од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), уште еднаш, преку писмено соопштение, го искажуваат револтот за ова, како што велат, бескрајно самоволие на власта и насилно протнување на законот со европско знаменце. „Во оваа прилика, сакаме и уште еднаш јавно да се обратиме до претседателот Стево Пендаровски, …
Continue Reading
Соработниците на Додик: Се подготвува атентат врз него, зад се стои Америка
Најблиските соработници на лидерот на босанските Срби Милорад Додик денеска тврдат дека против него се подготвува атентат, а еден од министрите ја обвини американската администрација дека е поттикнувач на тој наводен план. Тврдењето дека му се подготвува атентат на Додик прв го изнесе, во програмата на јавниот сервис Телевизија РС (РТРС), шефот на клубот на претставници на неговиот Сојуз на …
Continue Reading
Холанѓанец преживеа речиси 40 години со донаторско срце, соборен е Гинисовиот рекорд
Берт Јенсен (57) од Холандија преживеа речиси 40 години со донаторско срце што го доби во болницата Харфилд во Укбриџ, северозападен Лондон, во 1980-тите, што го прави Гинисов рекордер за најдолго преживеан пациент со трансплантација на срце. Таткото на две деца и пилот на едрилица, изјави дека е „голема е неговата чест“ што го достигнал рекордот, но и дека се …
Continue Reading