„АС“ откри колку пари од Реал бара Мбапе

Килијан Мбапе (25), најдобриот играч и стрелец на ПСЖ и капитен на француската репрезентација речиси се согласил да се пресели во Реал. Од клубот за кој постигна 242 и забележа 105 асистенции на 289 натпревари и кој го купи од Монако за 180 милиони евра, заминува на крајот на сезоната по седум години како слободен играч. Реал го добива без …

Continue Reading

(Фото) Хаос на писта, се судрија два авиони во Бостон: и двата авиона полни со патници, на едниот му се оштетени крила

Два авиони на „ЏетБлу“ се судрија на пистата на аеродромот Логан во Бостон. Како што пренесува Дејли Мејл, авионите се судриле на пистата додека во двата авиони имало патници. Оштетени се крилата на еден авион. Авионите се судриле кога едниот бил на пат кон Лас Вегас, додека другиот на пат кон Орландо. „Левото крило на „ЏетБлу Флајт 777“ удри во …

Continue Reading

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници, велат од „Охридско лето“. „Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на …

Continue Reading

Герасимовски: Здружението за пензионери Центар одбележува 70 години од постоењето

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со претседателот на Здружението за пензионери од Центар, Злате Стефановски и претставници од ова здружение кое годинава одбележува 70 години од основањето. На средбата стана збор за посветеноста на општината за унапредување на здравјето и правата на пензионерите преку проектите од областа на културата, социјално-здравствената заштита, спортот итн, кои Општината Центар ги …

Continue Reading

Лаутаро под негови услови сака нов договор со Интер

Евентуланото заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ ќе предизвика уште неколку други трансфер кога се во прашање напаѓачите. Поради тоа лелниците на Интер му понудиле на Лаутаро Мартинез продолжување на договорот до 2028 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Според новиот договор аргентинскиот фудбалски репрезентативец би заработувал осум милиони евра по сезона. Проблем е што Мартинез сака повеќе пари. Италијанските медиуми …

Continue Reading

Четири нови случаи на голема кашлица евидентирани во земјава

Четири нови случаи на голема кашлица се забележани во земјава, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Со тоа, бројот на заразени од голема кашлица се зголеми на 22 случаи од почетокот на годината. Комисијата за заразни болести вчера на прес-конференција, по одржаниот редовен состанок, предложи прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, …

Continue Reading

Велковски – Гир: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на невработеноста и унапредување на социјалната и детската заштита

„Европската унија ќе продолжи да обезбедува финансиска и логистичка поддршка за креирање на квалитетни политики и мерки кои ќе ги унапредуваат системите за социјална и детска заштита и ќе ја подобруваат состојбата на пазарот на трудот преку подигнување на вработливоста на граѓаните и намалување на стапката на невработеност“. Ова е потврдено на денешната прва средба на министерот за труд и …

Continue Reading

(Видео) Жена со синџир се врза за палма во Сплит: Ми го зедоа станот, ќе останам тука додека не умрам

Борбата на Вања Шимлеша од Сплит во Хрватска започнала пред повеќе од триесет години, кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања денеска по долгогодишни судови и молби ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми. „Имав сопствен стан 1/1 во …

Continue Reading

Четиринаест милиони евра одвоени за проектите од национален интерес за културата во 2024, вели Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференција по повод резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, истакна дека оваа година за таа цел се издвоени милион и пол евра повеќе од ланскиот буџет. „Вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година изнесуваат 867 милиони и …

Continue Reading