Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена во Градската болница
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Ленинова“ и улицата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Б.К. од Скопје, удрило во пешакот, 80-годишната В.М. од Скопје, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум …
Continue Reading
Деко го контактирл Сержо Консеисао
Раководството на Барселона активно бара тренер кој ќе го замени Чави на крајот од сезоната. Списокот на желби е долг, но главно тешко остварлив. Претседателот на клубот Џоан Лапора не крие дека фантазира за Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Томас Тухел… Тие сништа во овој момент се неостварливи. Работите околу ангажманот на нов тренер го води спортскиот директор на Барселона …
Continue Reading
(Видео) Морничави детали од убиството во Добој: го отрула ќерката, сопругата и нејзиниот љубовник го заклале
Судот во Добој на 32-годишната Андреа Кајганиќ, 19-годишниот Дражен Лазаревиќ и нејзината малолетна ќерка на возраст од 14 години им изрече мерка притвор за грозоморното убиство на Саша Кулишиќ. Судот детално опиша како Кајганиќ и Лазаревиќ го убиле Кулишиќ. Во се учествувала неговата малолетна ќерка, како и сестрата на Кајганиќ. Инаку, Кајганиќ била сопруга на убиениот, а Лазаревиќ нејзин љубовник. …
Continue Reading
Трговија со бебиња во Мароко: меѓу уапсените има лекари, медицински сестри, посредници
Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена за профит во Фез, град на северот на земјата. Меѓу осомничените кои беа уапсени се 18 агенти за обезбедување, лекар, две медицински сестри, здравствени работници, како и посредници, изјави извор од безбедносните сили за мароканската новинска агенција „МАП“. Тој извор не го прецизираше бројот на бебиња кои …
Continue Reading
Тетовец нападнат од неговиот сосед, полицијата го расчистува случајот
Триесет и седумгодишниот тетовец И.Ѓ., вчера во 11 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 40 минути во ходникот од станбената зграда во која живееле во Тетово бил физички нападнат од соседот Љ.А., извести СВР Тетово. Полицијата го расчистува и документира случајот.
Continue Reading
Лажно се претставиле дека се полицајци и одзеле пари, двајца државјани на Турција ограбени во Гостивар
Вчеравечер во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово, 23-годишниот С.А. и 29-годишниот Б.Г. од Република Турција, со времен престој во Гостивар, пријавиле дека околу 5 часот и 30 минути во близина на мостот на Вардар во Гостивар, две лица, кои со возило им го пресекле патот, лажно им се претставиле дека се полициски службеници и им одзеле пари, …
Continue Reading
(Видео) Средба Џафери-Ќучук: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Северна Македонија
Премиерот Талат Џафери денеска оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија. Изразувајќи благодарност за досегашната блиска и активна соработка со европратеникот Ќучук во изминатите четири години, премиерот Џафери го нагласи задоволството од поддршката на Ќучук во промоцијата на европското досие на Северна Македонија во Европскиот парламент и неговиот личен придонес во носењето важни …
Continue Reading
Три девојчиња починаа поради ритуален обред во Сиера Леоне
Три девојчиња починаа во Сиера Леоне поради ритуален обред на женските гениталии, а родителите на децата и оние кои ја извршиле процедурата се во полициски притвор, изјави Амината Корома, извршен секретар на Форумот против штетни практики, организација која работи против ваквите појави во Сиера Леоне. Полицијата ја истражува смртта на 12-годишната Адамсаи Сесаи, 13-годишната Саламат Џалох и 17-годишната Кадијата Бангура, …
Continue Reading
Израелците истрелале ракети кон главниот град на Сирија, тврди сириската армија
Сириската армија денеска соопшти дека соборила неколку израелски проектили истрелани од Голанската висорамнина на јужен Дамаск, јави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор. Во текот на ноќта веќе кружеа извештаи за експлозија во близина на Дамаск. Најмалку тројца проирански борци беа убиени во нападот во петокот, според Сириската опсерваторија за човекови права. Ова е втор пат оваа …
Continue Reading