Три девојчиња починаа поради ритуален обред во Сиера Леоне

Три-девојчиња-починаа-поради-ритуален-обред-во-Сиера-Леоне.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Три девојчиња починаа во Сиера Леоне поради ритуален обред на женските гениталии, а родителите на децата и оние кои ја извршиле процедурата се во полициски притвор, изјави Амината Корома, извршен секретар на Форумот против штетни практики, организација која работи против ваквите појави во Сиера Леоне.

Полицијата ја истражува смртта на 12-годишната Адамсаи Сесаи, 13-годишната Саламат Џалох и 17-годишната Кадијата Бангура, кои починаа минатиот месец за време на обредот во северозападниот дел на Сиера Леоне.

Според Корома, родителите во Сиера Леоне трошат меѓу 300 и 400 долари за церемонијата, која трае околу три недели.

Организацијата лобира за закон кој би го криминализирал овој ритуал и работи на промовирање на алтернативни обреди кои би ја замениле сегашната практика.

И покрај повиците на активистите и поборниците за човекови права да се криминализира оваа практика, таа останува легална во Сиера Леоне.

Националното истражување од 2019 година покажа дека 83 проценти од жените биле подложени на ритуалот, што е мало намалување во споредба со 90 проценти од жените кои биле подложени на пракса пред 11 години.

„Целосно е неприфатливо, и покрај фактот што жените и девојчињата продолжуваат да умираат од FGM во Сиера Леоне, владата останува целосно апатична и не сака да ги преземе неопходните активности за да спречи такви смртни случаи или да ја забрани практиката“, рече Диниа Сринивасан од организација „Еднаквост сега“.

Во јужниот дел на Сиера Леоне, во областа Бронте, пред три години, 21-годишнata Масерај Сеи починалa од компликации по ритуалот за FGM.

Лицето кое го извршило ритуалот е обвинето за убиство од небрежност, но случајот е отфрлен поради грешка во лекарскиот извештај за смртта на девојчето.

Иако Обединетите нации донесоа резолуција со која се забранува ритуалот за FGM уште во 2012 година, тој сè уште се практикува во околу 30 земји, пишува Гардијан.

Според сегашните проценки, најмалку 200 милиони жени и девојки ширум светот се подложени на ритуалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK