Индијци украле комбе од фирма во Загреб
Неколку непознати сторители вчера околу 16 часот во Загреб извршиле разбојништво над 40-годишен државјанин, информираат од Полициската управа во Загреб. На 40-годишникот му е украдено комбето „опел виваро“ со сплитски регистарски таблички. Се работи за возило во сопственост на сплитска фирма. Разбојништвото резултирало со неутврдена материјална штета.
Continue Reading
Ковачевски не разговарал со Грција за пролонгирање на рокот за пасошите – „Обврската ја презеде Пендаровски“, вели тој
Премиерот Димитар Ковачевски не разговарал со Грција за можноста да се пролонгира рокот за новите патните исправи, откако граѓаните се изложени на минусни температури со часови да чекаат за да можат да извадат нов пасош, а уште толку и за да го подигнат. Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања се огради за можноста лично да комуницира со Грција, велејќи дека таа …
Continue Reading
Самоубиствен бомбашки напад среде Сомалија: три лица загинаа, две лица се повредени
Во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа три лица, а две се повредени, соопшти полицијата. Додека полицијата го бркаше, бомбашот самоубиец се разнесе пред ресторанот Ал Хинди во областа Хамар Ваин во Могадишу, изјави портпаролот на полицијата Садик Али. Милитантната група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, која ја презеде одговорноста за експлозијата, соопшти дека цел …
Continue Reading
Не можам да бидам портпарол на семејства на министри, рече Ковачевски за вработувањата на роднини во М-НАВ
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не може да биде портпарол на семејства на министри, ниту пак претендирал да биде, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира тоа што половина Влада има вработени блиски луѓе во М-НАВ. Премиерот одговори дека министрите кои имале вработено некои роднини веќе си даваат свои ставови, а неговото мислење во однос на оваа тема секогаш било принципиелно. …
Continue Reading
23-годишник од Непал уапсен на скопскиот аеродром со фалсификувани документи
Вчера во 14.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле К.С.(23) од Непал, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека кипарската дозвола за престој, која ја дал на увид, била фалсификувана. По насока на Јавен обвинител тој бил пренесен во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Continue Reading
Стоилковски: Дали Ковачевски кога вели дека има до трето колено вработувања во М-НАВ мисли на Љупчо Николовски
СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ, изјави портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција. „Почитувани, кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам “има до трето колено вработувања од исто …
Continue Reading
Претрес во Куманово, пронајдени куршуми и дрога
Вчера во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(40) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени 15 куршуми, марихуана и масло од хашиш. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра, изјави на прес-конференција пратеникот Тони Јаревски. Тој тврди дека машините за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати …
Continue Reading
Камионите со стока од 1. февруари ќе се мерат само еднаш – Царините на Македонија и Србија потпишаа Меморандум
Од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш. Истото ќе се однесува и за стоки кои транзитираат низ двете држави. Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и директорот на Царинска управа на Србија, Бранко Радујко денеска потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали …
Continue Reading