Самоубиствен бомбашки напад среде Сомалија: три лица загинаа, две лица се повредени

Самоубиствен-бомбашки-напад-среде-Сомалија-три-лица-загинаа-две-лица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа три лица, а две се повредени, соопшти полицијата.

Додека полицијата го бркаше, бомбашот самоубиец се разнесе пред ресторанот Ал Хинди во областа Хамар Ваин во Могадишу, изјави портпаролот на полицијата Садик Али.

Милитантната група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, која ја презеде одговорноста за експлозијата, соопшти дека цел на нападот биле локални безбедносни претставници, пренесува Ројтерс.

Ал Шабаб често напаѓа воени пунктови, владини институции и цивилни цели како дел од кампањата за соборување на сомалиската влада и инсталирање на нова влада врз основа на сопственото толкување на исламскиот шеријатски закон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK