Двојното државјанство им отвори пат на косовски политичари кон македонското собрание
Косовската партија „Самоопредеување“ влегува на изборите во Македонија. Ваква вест одекна викендов во медиумите, откако Изет Меџити од Демократското движење, пред споменикот на Скендербег, гордо го претстави вклучувањето на партијата на косовскиот премиер Албин Курти како четвртата политичка партија во коалицијата Европскси сојуз во Македонија. Меџити најави дека програмата ќе ја работат заедно, а отворија и заедничка канцеларија. Меџити во …
Continue Reading
Авион за обука се урна во Грција, започната е операција за пребарување и спасување
Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез. Засега не се знае што се случило со пилотот, а според некои информации експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува Катимерини. По падот на тренинг авионот Т-2 е започната операција за пребарување и спасување. Според локален претставник, авионот се урнал за …
Continue Reading
Жена од Кочани измамила двајца од Тетовско дека за пари ќе им обезбеди бугарски документи
Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово. „До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради …
Continue Reading
Американски генерал: Русија упорно се обидува да ја дестабилизира Босна и Херцеговина и регионот
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Босна и Херцеговина и нема да дозволи нејзина дестабилизација, изјави во средата генералот Памела Мекгаха, командант на штабот на НАТО во Сараево, предупредувајќи дека Русија продолжува да ја игра улогата на држава која ја поткопува стабилноста во целиот регион. Американскиот генерал Мекгаха веќе две години е началник на штабот во Сараево, во кој има …
Continue Reading
Алварез на 23 годишна возрас ги освои сите трофеи во фудбалот
Фудбалерот на Манчестер сити, Хулијан Алварез успеа да ги освои сите фудбалски трофеи на само 23 години. Тој во интервју за медиумите истакна дека не планира да го менува клубот. Алварез е фудбалер на Манчестер сити од 2022 година, а со англискиот клуб освои пет трофеи: Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. …
Continue Reading
Ниту еден министер за финансии, премиер, ниту пак претседател на Уставен суд не може да се меша во внатрешни работи на синдикатот: УПОЗ на протест пред Уставен Суд
„Ние тука протестираме и ќе протестираме пред министерството за финансии а дали ке има штрајк или ќе нема ќе одлучат колегите. Ниту еден министер за финансии, премиер ниту пак претседател на Уставен суд не може да се меша во внатрешни работи на синдикатот. Ова го посочи Трпе Деаноски претседател на синдикатот на УПОЗ и преку протест пред Уставен суд изразува …
Continue Reading
Годинава 440 лекари положија стручен испит
Во 10 испитни сесии кои беа организирани во текот на 2023 година стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа. Најголем интерес за полагање на стручен испит и оваа година имаше во декемвриската испитна сесија кога положија 232 доктори на медицина, извести Лекарската комора. Докторите на медицина по завршување на …
Continue Reading
Капитенот замина од АП Брера
Фудбалскиот клуб АП Брера објави дека спогодбено се разделил со капитенот Марио Врдољак. Врдољак на почетокот на сезоната пристигна во Струмица, одигра 16 првенствени натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции. „Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и упсеси во …
Continue Reading
Стефковски подели новогодишни пакетчиња на децата со атипичен развој
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски додели новогодишни пакетчиња за дечињата со атипичен развој од општината. За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук. „Ми беше задоволство да поделам новогодишни пакетчиња на дечињата со атипичен развој од општина Гази Баба. Со цел успешен раст и развој на секое дете, важно е развивање на неговите моторички вештини. …
Continue Reading