Авион за обука се урна во Грција, започната е операција за пребарување и спасување


Авион-за-обука-се-урна-во-Грција-започната-е-операција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез.


Засега не се знае што се случило со пилотот, а според некои информации експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува Катимерини.

По падот на тренинг авионот Т-2 е започната операција за пребарување и спасување. Според локален претставник, авионот се урнал за време на полетувањето.

Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK