Дали обвинителот со читање на доказите си прочита дека е неосновано обвинението против Жан Митрев?

Искра Хаџи Василева, обвинителот во случајот против д-р Жан Митрев, на последното рочиште презентирајќи ги материјалните докази самата си го поби обвинението. Со читање на листата на пациенти прочита дека болницата им вратила 34.995.700 денари односно 569.000 евра депонирани средства на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација иако тие средства биле депонирани за да се изврши хемофилтрација. Имено, …

Continue Reading

Чави: Овој тим нема душа, јасно е дека не сме како Барса од 2010 година

Барселона, синоќа на „Монжуик“ вложи голем труд против најлошиот тим во Примера, за на крајот да го скрши отпорот на Алмерија. Кикс на Барселона спречи капитенот Серхи Роберто со два гола, вториот го постигна во 83.минута. По мечот тренерот Чави истакна дека неприфатливо е колкави проблеми има неговиот тим со реализицијата. „Страдавме повеќе отколку што заслуживме. 30 пати шутиравме кон …

Continue Reading

Палестинците тврдат дека израелската армија фрла забранети фосфорни бомби, палела домови и го држи центарот за итни случаи под опсада

Најмалку 24 цивили загинаа, а многу се повредени во синоќешните израелски напади врз домови и области каде што раселените лица се наоѓаат во близина на Европската болница во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, со што бројот на загинати во средата се искачи на 55, јавува агенцијата ВАФА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги гранатираа и источните делови на Кан …

Continue Reading

Запленети речиси две илјади брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Како што извести Царинската управа, …

Continue Reading

Американец поминал 48 години во затвор за убиство, не бил виновен

70-годишниот Глин Симонс од САД речиси половина век бил невин во затвор за убиство во 1974 година. Симонс беше затворен 48 години, што е најдолгата казна што невин човек ја отслужил во САД, пишува Би-би-си. Оваа недела, окружниот судија во Оклахома, Ејми Палубо, го прогласи Симонс за невин. Во пресудата се наведува дека врз основа на јасни и убедливи докази, …

Continue Reading

Макрон: Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа

Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Во интервју за телевизијата „Франс 5“, Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и секој мора да ги брани. Иако го призна …

Continue Reading

(Видео) 16-годишниот Итан Мбапе дебитираше за ПСЖ

ПСЖ го победи Мец со 3:1 во 17. коло од францускиот шампионат. Трите гола фудбалерите на актуелните шампион ги постигнаа во второто полувреме. Витиња го доведе ПСЖ во водство во 49. минута, Килијан Мбапе во 61. да зголеми на 2:0. Матие Удол ја врати надежта кај гостите со гол во 72. минута, но Мбапе ги расчисти сите сомнежи со вториот …

Continue Reading

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија. „Дозволете да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Една од првите одлуки на асномска Македонија била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително …

Continue Reading

Во Германија продолжува потрагата по 14-годишната Вера

Во германскиот град Росток продолжува потрагата по 14-годишната Вера Хрустиќ. Како што информираат од локалната полиција, таа последен пат била видена во вторникот попладне на 19 декември околу 16 часот во сместувањето за бегалци во областа Тојтенвинкел. Оттогаш и се губи секаква трага. Полициската потрага засега е неуспешна, додаваат оттаму. Вера е витка, висока 160 сантиметри, има црна коса до …

Continue Reading