Ѓорѓиевски: Пинтија за првпат добива затворен спортски објект

За првпат Пинтија добива затворена спортска сала. Учениците од ПОУ ‘Рајко Жинзифов” за кои досега наставата по физичко образование се одвиваше во супстандардни услови ќе добијат современ објект кој ќе се протега на 350 м2. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој присуствуваше на почетокот на градежните активности истакна дека обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на …

Continue Reading

Нов Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата до крајот на годината

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат на одбраната на која беше постигната согласност до крајот на годината да биде потпишан нов Колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во одбраната и Армијата. Ова е продолжение на успешната соработка на министерката Петровска со синдикатите во одбраната, која досега резултираше со измени …

Continue Reading

Пендаровски вчера му испратил порака на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски потврдија дека вчера му била испратена порака на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски. „Вчера е пренесена пораката до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски“, велат за „Макфакс“ од кабинетот на Пендаровски. Од таму не соопштуваат повеќе детали за содржината на …

Continue Reading

Ахмети на средба со евроамбасадорот Гир: во фокусот претседателските и парламентарните избори

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со Шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир. Соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата, претседателските и парламентарните избори, владеењето на правото и евроинтеграциите. Ахмети го информираше амбасадорот Гир за цврстата проевропска позиција на Демократската унија за интеграција и за продолжување на конкретизирањето на иницијативата за …

Continue Reading

Претседателот на Барселона му наредил на Чави кои играчи да патуваат во Антверпен

Тренерот на Барселона, Чави во последен момент направи промена во составот за вечерашниот натпревар против Антверпен во Лигата на шампионите. Каталонското радио пренесува дека Чави по сугестијата на претседателот на клубот Џоан Лапорта, се откжал од првичната намера. Шпанските медиуми пишуваат дека ова е сериозен преседан бидејќи досега во Барселона немало случаи во кои претседателот се меша во работата на …

Continue Reading

(Видео) Маж во индискиот парламент ги прескокна масите, падна во делот за пратениците

Маж скокна во просторот на пратениците на долниот дом на парламентот на Индија, објавија телевизиските канали, што претставува голем безбедносен пропуст на 22-годишнината од смртоносниот напад на комплексот. „Си-Ен-Ен“ прикажа како мажот во црна јакна скока од просторот на посетителите во просторот за седење на пратениците, качувајќи се преку масите. Двајца осомничени се приведени по нарушување на безбедноста, јави „Си-Ен-Ен“, …

Continue Reading

Со комбе прегазен 87-годишен пешак во Старо Нагоричане

Вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на селото Војник, општина Старо Нагоричане, товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(65) од с.Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од с.Војник. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР …

Continue Reading

Ќе отвориме и македонска паралелка во албанско училиште во општина Чашка, вели Шаќири

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири рече дека во Општина Чашка ќе отвори и македонска паралелка во албанско училиште откако родители на деца од училиштетото „Тодор Јанев“ во оваа општина му предложиле  децата за кои тој даде согласност да учат на албански јазик во новоформирана паралелка, да учат на мајчин јазик,  во село Сливник. Се работи за четири деца, кои, …

Continue Reading

Автомобил удри во велосипедист во Кисела Вода

Вчера во Скопје на улицата Христо Татарчев, автомобил „опел“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.Б.(51) од Скопје удри во велосипед управуван од А.З.(36) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза, информираа од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading