Рабио ќе го продолжи договорот со Јувентус

Адриен Рабио се согласил да ја продолжи соработката со Јувентус. „Газета дело Спорт“, објави дека францускиот репрезентативец ќе го продолжи договорот на 12 месеци. Актуелниот договор на Рабио со Јуветус истекува во јуни следната година. Рабио прифатил да го носи дресот на Јувентус дополнително уште една сезона, односно до јуни 2025 година. Тој во Торино пристигна во 2019 година од …

Continue Reading

(Видео) Хотел-затвор во Јужна Кореја, гостите плаќаат 80 евра дневно за да бидат затворени

Наместо да одат во луксузен хотел, некои Корејци одат во „затвор“ кога се под стрес. Таков е концептот на хотелот „Inside Me“, кој се наоѓа во Хонгчеон, Јужна Кореја и изгледа како затвор. Луѓето плаќаат по околу 80 евра дневно за да бидат лишени од слобода и затворени во затворска ќелија без никакви земски задоволства. Гостите можат да останат 24 …

Continue Reading

Со масивни минирања се уништува ретко природно наследство, геолошкиот музеј под отворено небо помеѓу селата Алинци и Шелеверци

💣 Со масивни минирања се уништува ретко природно наследство, геолошкиот музеј под отворено небо, но и културно наследство на локалитетот „Црн Камен“ или „Каракамен“ помеѓу селата Алинци и Шелеверци, на само 10 км јужно од Прилеп, за потребите на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ги гради четирите автопатски делници на коридорите 8 и 10д за 1,3 милијарди евра. ⛔️ …

Continue Reading

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешки фризер Панче Жежовски, не смее да добие политичка конотација. „Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи …

Continue Reading

(Видео) Бизарен пенал досуден во Саудиска Арабија

Бизарен пенал е виден на натпреварот меѓу Ал Хазм и Ал Фатех, во првенството на Саудиска Арабија. Со зборови не може да се опише глупавата рекација на дефанзивецот на гостите Фахад Ал Хабри. Ал Хабри му подаде рака на голманот за да му честита за интервенцијата додека тој се уште ја држеше топката, тој неколку пати ја допре топката, а …

Continue Reading

Уапсен маж кој пукал пред синагога во Њујорк

Полицијата уапси маж кој пукал двапати со пушка пред синагога во Aлбани, Њујорк, неколку часа пред почетокот на прославата на Ханука, а во инцидентот нема повредени, соопшти полицијата. Според извештаите, 28-годишниот маж извикал: „Слобода за Палестина“, пренесе АП. Полицијата не го идентификуваше напаѓачот, но гувернерката Кети Хочул рече дека тој бил локален жител. Полицијата соопшти дека инцидентот се истражува како …

Continue Reading

Киднапирано 2-годишно дете на улица во Австралија

Во тек е масовна потрага во Австралија по двегодишно момче кое било киднапирано на улица. Полицијата на Нов Јужен Велс издаде итна тревога до јавноста откако Џекс Вилсон бил киднапиран во пристаништето Кофс кратко по 14 часот по локално време. Полицијата соопшти дека го однеле маж и жена. „Тие тргнаа со црн фолксваген голф од 1996 година со регистрација OAH …

Continue Reading

Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата

Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб,  каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место. Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“. Сепак, мажот …

Continue Reading

Грците ќе ги ослободат уапсените навивачи на Динамо

Грчките власти одлучија да ослободат 20 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб со кауција, јавуваат хрватските медиуми. Тие се во затвор од август, поради нередите во Атина во кои беше убиен грчки навивач. „Првите десет или 20 би можеле да бидат пуштени најрано во понеделник. За останатите се надеваме дека ќе биде потоа“, изјави за Јутарњи лист Атанос Кајменакис, …

Continue Reading