Ѕид од куќа се урна врз жена: страшниот земјотрес на Филипините однесе еден живот

Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Филипините, а забележана е помала штета на локалните инфраструктурни објекти, соопштија денеска филипинските власти и потврдија дека на жителите од погодените области им било дозволено да се вратат дома. Синоќешниот земјотрес ја погоди провинцијата Јужен Суригао, кој веднаш по земјотресот …

Continue Reading

Нов земјотрес во Србија: „Мајка ми го држеше телевизорот да не падне“

Републичкиот сеизмолошки завод објави дека денеска во 9 часот и 47 минути е регистриран земјотрес во околината на Крагуевац. Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Според очевидци, земјотресот го почувствувале жителите на Јагодина, Пожаревац, Крагуевац, Свилајнaц, па дури и во Белград, пишува „Блиц“. „Се почувствуваа два кратки удари по ред“, вели жител на Петровац на Млави. …

Continue Reading

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола, изјави на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Од опозициската партија велат дека договорот во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од „Марковски Компани“ кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола …

Continue Reading

Анѓушев се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг

На маргините на самитот на ОБСЕ, почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, Кочо Анѓушев имаше работен доручек со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг. На средбата министерот Борг се заблагодари за работењето на почесниот конзулат во Скопје и за асистенцијата која им беше пружена на малтешки граѓани при нивни престој во земјава во …

Continue Reading

Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта Марковски ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Почитувани, Додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери. Власта на СДС и ДУИ на заминување се утепа од крадење во последните денови од власт и нормално местото за крадење и „златната кокошка“ за крадење е РЕК Битола …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата околу платите на министрите и градоначалниците

И утрово ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продoлжија со соопштенијата во кои меѓусебно се обвинуваат за високите плати на грбот на граѓаните. Откако вчера се осврнаа на платата на министерот Оливер Спасовски, од ВМРО-ДПМНЕ утрово велат дека власта на премиерот Димитар Ковачевски намерно го осиромашила народот за да се обиде да го поткупи со 1000 денари месечно, а за себе обезбедиле дополнителни …

Continue Reading

Потпретседателот на Српската федерација: Им кажав на Хрватите и Албанците „само вие да ни се паднете“

Српската фудбалска репрезентација на Европското првенство ќе се натпреварува во Германија. На вчерашната ждрепка Србија се падна во групата со Англија, Данска и Словенија. Потпретседателот на Српскиот фудбалски сојуз Бранислав Недимовиќ по ждрепката изјави дека сакал Србија да игра против Хрватска и Албанија, но желбата не му се исполнила. „Искрено, ја сакав групата Б во која се Шпанија, Албанија и …

Continue Reading

Борел жали за нападите врз Газа и го повикa Израел да ги почитува законите за војна

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во саботата изрази жалење за продолжувањето на израелските напади врз Појасот Газа, нагласувајќи ја обврската на Тел Авив да го почитува меѓународното хуманитарно право и законите на војната, кои тој ги опиша како „не само морална, туку и законска обврска, пренесува „Анадолија“. „Важен е начинот на кој …

Continue Reading

Голем руски ноќен напад со дронoви

Русија лансираше 12 беспилотни летала и крстосувачка ракета кон Украина во текот на ноќта, а украинскиот противвоздушен систем уништи 10 беспилотни летала пред да ја погодат целта, соопшти украинското воздухопловство. Крстосувачката ракета не е уништена, но не ја погоди целта, соопштија од воздухопловните сили без дополнителни детали. Не беше кажано што се случило со другите два дрона кои не беа …

Continue Reading