Евакуација во Ист гејт, низ трговскиот центар се шири чад

Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран. Сите вработени и купувачи се надвор. Причина за евакуацијата, според неофицијалните информации, е пожар на едно во возилата на паркингот. Интервенирала и Противпожарната бригада. Од страна на обезбедувањето била направена евакуација и за сега нема информации за повредени лица. Повеќе детали наскоро.

Continue Reading

„Техничка Влада“ пред избори ќе има, Османи вели дека е доцна да се менуваат правилата

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи вели дека нема простор за промена на моделот на Пржинската влада на овие избори.   За Османи важно е на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено, а на прашањето дали за следните избори ДУИ би се согласила да се …

Continue Reading

Делови од Скопје следната недела ќе бидат блокирани поради самитот на ОБСЕ, Спасовски апелира за трпение

Повеќе институции работат на подготовка на министерскиот самит на ОБСЕ кој следната недела ќе се одржува во Скопје, вели министерот за внатрешни Спасовски. Тој кажа дека МВР цела година се подготвува за овој настан. Присуство најавиле повеќе од 70 странски делегации и преку илјада учесници на самитот. Според Спасовски, тоа е опсежна акција која треба да се спроведе од безбедносен …

Continue Reading

Средба на гувернерката Ангеловска Бежоска со холандската кралица Максима

Во рамки на настанот за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД, беше организирана посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На средбата, се дискутираше за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на секој поединец. За поголем прогрес потребни се напори од страна на носителите на политиките, но значајна улога имаат …

Continue Reading

Муцунски од Долно Лисиче: По 15 години учениците добиваат подобри услови за настава, спорт и рекреација

Дечињата од Долно Лисиче, по долги години ќе добијат соодветни услови за реализација на наставата и спортување, ова на својата фејсбук страна го објави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски кој информираше дека со поддршка на општествено-одговорна компанија, општината започнала со реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче. Инвестициите во ова основното училиште опфаќаат целосна реконструкција на фасадата …

Continue Reading

Отчет на Ѓорѓиевски: За две години реализирани се 90% од четиригодишната програма

Под слоганот “Големи идеи, за сериозни промени”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа го презентираше отчетот од својата двегодишна работа. Реализирани се 90 проценти од целокупната предизборна програма, предвидена за четири години, истакна во своето излагање, додавајќи дека како никогаш досега во овие 30 години, е извршена обнова на инфраструктурата. Асфалтирани се 44 км улици, атмосферска мрежа во должина од 5470 метри, …

Continue Reading

Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници, велат Египетските власти

Египетските власти соопштија дека Хамас денеска ќе ослободи 14 заложници во замена за 42 палестински затвореници кои ги држи Израел. Тоа доаѓа откако египетските безбедносни претставници изјавија за новинската агенција Ројтерс дека добиле список на заложници што требаше да бидат ослободени денеска, а израелската затворска служба соопшти дека се во тек подготовки за ослободување на 42 Палестинци. Според четиридневниот договор …

Continue Reading

Вињалес на пол-позицијата во Валенсија, Бањаја стартува од втората, Мартин од шестата позиција

Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата во пресрет на последната трака во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Валенсија. Само возачот на Априлија, во квалификациите имаше круг под една минута и 29 секунди. Времето на најбрзиот круг на Шпанецот беше 1:28.931 минути. Маверик Виљалес е осмиот возач во Мото ГП шампионатот, кој сезонава успеа да освои пол-позиција. Бранителот на титулата, Франческо …

Continue Reading

Бесими очекува забрзан економски раст догодина

Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата редовна викенд колумна пишува дека во 2024 година економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. „Најголем придонес кон растот во 2024 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,4%, …

Continue Reading