Избори во мај, во редовниот термин, со ДУИ имаме јасен коалициски договор, истакна Ковачевски

Според премиерот Димитар Ковачевски постои доволно простор во мај да се организираат изборите. „Сметам дека постои доволно простор во месец мај да може да се организираат избори во нивниот редовен термин. Во однос на финалните ставови на политичките партии ќе ве информираме тогаш кога ќе се постигне еден поширок консензус во рамките на парламентот“, рече Ковачевски. Според него, сите кадровски …

Continue Reading

Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

По повод Светскиот ден на детето кој се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода го одбележаа отпочнувањето на работата на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови“. Доградбата обезбедува место во објектот за уште 56 деца. …

Continue Reading

Шведска го отпушти селекторот Андерсон

Шведскиот фудбалски сојуз синоќа го разреши селекторот Јане Андерсон откако не успеа да избори пласман со репрезентацијата на ЕУРО 2024. Шведска квалификациите ги заврши на третото место во групата Ф со само десет освоени бода. Швеѓаните имаат десет бода помалку од водечката Белгија, а девет од второпласираната Австрија. Јане Андерсон ја предводешешведската репрезентација од летото 2016 година. Најголемиот успех му …

Continue Reading

Ковачки: Во која НАТО држава војска чува затвори, за преседанот да биде уште поголем на ова е согласен и Пендаровски

На неспособноста на власта предводена од СДСМ и ДУИ и нема крај. Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија, реагира Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Владата, вели тој, повторно си изгласа продолжување на кризната состојба во најголемиот затвор Идризово и повторно наместо да вработи професионална затворска полиција, затворот ќе го …

Continue Reading

Мурињо сака да остане во Рим

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака да го продолжи договорот со клубот на крајот од сезоната, пишува италијански „Ил Темпо“. Мурињо (60) во Рома пристигна во 2021 година, а со „волчицата“ има договор до крајот на сезоната. Тој во сезоната 2021/2022. ја освои Конференциската лига, а минатата сезона доживеа пораз во финалето на Лига Европа. „Мурињо ужива да работи во …

Continue Reading

Општина Аеродром: Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“

По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“, велат од општината. „Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме …

Continue Reading

Кучиња скитници искасале луѓе во Скопје, Прилеп и Битола

Вчера во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, С.Р.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 12.00 часот во СВР Битола, П.П.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Пелистер“ бил каснат од куче скитник. И 56-годишниот А.Ш од Прилеп во полиција пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил …

Continue Reading

Убиени 41 член од исто семејство во Газа

Министерството за здравство во Појасот соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа. Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP. На ова следеа реакциите на …

Continue Reading

Израел објави снимка за која тврди дека докажува дека Хамас носел заложници во болницата Ал Шифа

Израел во неделата ги засили наводите за злоупотреба од страна на Хамас во најголемата болница во Појасот Газа, велејќи дека заробениот војник бил егзекутиран и двајца странски заложници биле држени на местото кое е во центарот на израелската разорна шестнеделна офанзива. Во еден момент, како засолниште за десетици илјади палестински воени бегалци, болницата Ал Шифа ги евакуираше пациентите и персоналот …

Continue Reading