Приведен дилер на хероин во Гевгелија
Денеска околу 13.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија. По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе …
Continue Reading
Светската здравствена организација: Повеќе од 160 лекари починаа во Појасот Газа
Повеќе од 160 здравствени работници се убиени за време на својата должност во Појасот Газа откако Израел започна офанзива против палестинската енклава, соопшти денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер. Тој повика на итно укинување на ограничувањата за медицинска помош за Газа, пренесува Ројтерс. „Над 160 здравствени работници загинаа додека вршеа должност, додека се грижеа за повредените и болните. …
Continue Reading
Израелската армија: Стотици Палестинци се упатија кон јужниот дел на Газа
Израелската армија денеска објави кратко видео каде се прикажани стотици жители на Појасот Газа, некои со кренати раце, а некои со бели знамиња, как одат кон јужниот дел на палестинската енклава преку Салах ал-Дин, објави „Times of Israel“. „Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, одете на југ според нашите упатства. Бидете сигурни дека лидерите на Хамас веќе …
Continue Reading
Реал го продолжи договорот со Камавинга
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска потврди дека Едуардо Камавинга (20) потпиша нов договор. Камвинга потпиша договор до 2029 година. Претходно договорите со Реал ги продолжија Бразилците Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао. Кај сите во договорите откупната клаузула изнесува една милијарда евра. Камавинга пристигна во Реал од Рен пред две години за 31.000.000 евра. Досега ја има освоено Лигата на …
Continue Reading
Костадиновска-Стојчевска на состанок со директорите на националните установи од културата: по три години, успешно е решено и прашањето за платите
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одржа работен состанок со директорите на институциите кои се под надлежност на Министерството за култура. На состанокот беа отворени повеќе важни прашања поврзани со тековните активности на институциите, за проектите што планираат да ги реализираат до крајот на годината. Костадиновска-Стојчевска кажа дека очекува повеќе проекти и посодржајни програми за идната година, за кои ќе …
Continue Reading
Николовски: Северна Македонија сигурно чекори по својот европски пат, добрата регионална соработка е важна за интеграција во ЕУ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски учествуваше на 17-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, кој оваа година се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина. Регионалната соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа е важна и клучен фактор во политичката стабилност и безбедност, економска соработка и економски развој на земјите од Југоисточна Европа. Успешната регионална …
Continue Reading
Неволји во рајот, Вилдоса и Ернангомез ќе го напуштат ПАО?
Панатинаикос, пред почетокот на сезоната, состави тим преполн со ѕвезди, во обид да ја нападне титулата во Евролигата, неколку месеци подоцна јасно е дека тимот ја нема потребната хемија. Медиумите шпекулираат дека Аргентинецот Лука Вилдоса и Шпанецот Хуанчо Ернангомез, во блиска иднина би можеле да го напушти Панатинаикос. Двајцата не се во добри односи со тренерот Ергин Атаман. Вилдоза не …
Continue Reading
„Њујорк тајмс“: Бајден го губи влијанието врз војните во Израел и Украина
Администрацијата на Бајден веќе 10 дена го повикува премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи „хуманитарна пауза“ по нападот на Газа. Во исто време, Белата куќа се надева дека годишната воена помош од 3,8 милијарди долари и дава доволно тежина да влијае на тактиката на израелскиот лидер. Сепак, се покажа дека тоа не е така, анализира медиумот. Во телефонскиот разговор во понеделникот, …
Continue Reading
Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост
„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти. „Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите, како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина за европските фармери“, кој …
Continue Reading