Грковска-Флоридис: Независни и самостојни институции се клучни за владеење на правото
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, оствари работна средба со министерот за правда на Република Грција, Јоргос Флоридис. Вицепремиерката Грковска информираше дека Европската Унија, во рамките на билатералниот скрининг, веќе го објави извештајот за првиот Кластер „Фундаментални вредности“, каде се дефинирани реформите кои нашата држава треба да ги преземе во наредниот период, а …
Continue Reading
Жестоки борби меѓу Израелците и Хамас во Газа
Тешки борби се воделе во текот на ноќта меѓу израелските војници и членовите на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, според двете страни. Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, известија за судири во северозападниот дел на крајбрежниот појас. Борците на Хамас ги нападнаа израелските војници во областа и југоисточно од градот Газа со противтенковски гранати. Израелската армија соопшти дека …
Continue Reading
(Видео) Каевски: Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања
„Две години локална власт – 0 резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори. Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања. Напротив, она што го ветуваа пред граѓаните кога им ја бараа довербата не го реализираа. Нема проекти, нема развој, нема резултати. Една голема нула“, вели Дарко …
Continue Reading
Општина Аеродром поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор, надвор од границите на општината
Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од …
Continue Reading
Расчистено разбојништво во Гевгелија, приведени две лица, одземениот накит вратен на сопственичката
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против 45-годишната Д.Б. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против 36-годишниото лице со иницијали Д.Џ. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, извести МВР. „Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со …
Continue Reading
Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово само за потребите на Шкендија
„Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го презеле Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзани да инвестираат 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари“, велат од Левицата. „Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е …
Continue Reading
(Вознемирувачко видео) Израелските војници се снимале како малтретираат Палестинци на Западниот Брег
Десетици слики и видеа се појавија во текот на изминатата недела на кои се прикажани војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) како ги малтретираат и понижуваат Палестинците уапсени на Западниот Брег, често со врзани очи и со лисици. Во едно од најбруталните видеа, кое е замаглено, војниците на ИД се снимиле себеси како злоставуваат седум работници од Западниот Брег кои …
Continue Reading
Германија ги забранува сите активности поврзани со Хамас: „Тие сакаат да ја уништат државата Израел“
Германската влада ги забрани сите активности поврзани со милитантната организација Хамас, која веќе е означена како терористичка организација во земјата. „Денес, целосно ги забранивме активностите на терористичката организација, чија цел е да ја уништи државата Израел“, изјави министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер. Тоа значи дека отсега одржувањето митинзи во името на Хамас или ширењето на пропагандата на групата ќе …
Continue Reading
Уапсени двајца струмичани, при претрес пронајден кокаин, марихуана, дигитална вага и пари
Вчера вечер во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода 23-годишниот К.К. и 20-годишниот Н.П., двајцата од Струмица, извести МВР. – При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари, …
Continue Reading