–>

Расчистено разбојништво во Гевгелија, приведени две лица, одземениот накит вратен на сопственичката

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против 45-годишната Д.Б. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против 36-годишниото лице со иницијали Д.Џ. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, извести МВР.

„Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија. По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото“, соопшти МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK