Шолц пристигна во Нигерија, бара бегалците што поскоро да се вратат во нивните земји
Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на денешниот престој во Нигерија се заложи за побрзо враќање на граѓаните на таа земја чии барања за азил беа одбиени во Германија, а во исто време разговараше и за испорака на нигериски гас во Германија. „Миграциските центри треба да овозможат побрзо враќање на Нигеријците на кои им беше одбиен азил во Германија“, рече …
Continue Reading
Израелскиот претседател: Германката ја најдовме обезглавена
Претседателот на Израел, Исак Херцог во интервју за „Билд“ ја потврди информацијата дека 23-годишната Германка, Шана Лук била обезглавена. Германката беше киднапирана од членови на Хамас на 7 октомври за време на нападот на музички фестивал во близина на границата со Газа. Тој додаде дека „варварските и садистички ѕверови“ на Хамас „ја отсекле главата“ на девојчето чие тело дури сега …
Continue Reading
Грковска: Во време на дезинформации и поларизирачки наративи, во јавноста тешко пробиваат теми поврзани со демократските вредности
„Прашањата на довербата во институциите и довербата во медиумите се многу тесно поврзани. Во подигнување на севкупните стандарди во општеството, не само во поглед на борбата со дезинформациите, ние мора да бидеме заедно. Некои битки се заеднички за целото општество и затоа мора да имаме широк општествен консензус за теми кои не засегаат сите и кои го допираат секој …
Continue Reading
Османи на дискусија со граѓани: Европската агенда на Северна Македонија, мора да биде приоритетна за сите политички актери
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес учествуваше на дискусијата со граѓани насловена „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“, организирана од Институтот за европска политика. Османи нагласи дека враќањето на проширувањето на агендата на Европската Унија по создадениот геополитички и безбедносен контекст претставува извонреден повик за сите земји кои се стремат за европска интеграција. Во овој контекст, според …
Continue Reading
Приведен криминалец од Арачиново, баран со потерница
Во 12.15 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(54) од с.Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казна затвор од пет години и девет месеци. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено – поправна установа …
Continue Reading
По натпреварот Наполи – Милан, пронајдено безживотно тело на навивач – се обидел да влезе без билет
Безживотно тело на 42-годишен маж е пронајдено околу стадионот „Диего Армандо Марадона“, ден по натпреварот меѓу Наполи и Милан, објавија локалните медиуми. Маж јужно од Неапол бил пронајден на паркингот веднаш до делот за гостински навивачи. Hallan cadáver de un seguidor del Napoli en su estadio 🏟️tras partido ante Milan🇮🇹https://t.co/DIxySDxtuB#SerieA | #Napoli | #Milan pic.twitter.com/HPhseCwOQz — TUDN MEX (@TUDNMEX) October …
Continue Reading
Извештај на УНЕСКО: Значително е подобрен пристапот до образование во Македонија
Значително е подобрен пристапот до образование во државата. Има поголема синхронизација помеѓу образовниот систем и пазарот на трудот, за разлика од изминатите години. Значително е подигнат квалитетот и атрактивноста на стручното образование. Се преземаат мерки за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард. Постигнат е значителен напредок во развојот на одредени компоненти на националниот образовен систем, но постои простор и потребно …
Continue Reading
Кремљ тврди дека упадот на аеродромот во Дагестан е резултат на западното мешање
Упадот на аеродромот во руската република Дагестан со мнозинско муслиманско население од страна на антиизраелска толпа во голема мера е резултат на надворешно мешање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Настаните околу аеродромот во Махачкала (главниот град на Дагестан) синоќа беа главно резултат на надворешно мешање, вклучително и информациско влијание“, изјави Песков за новинарите. Тој не прецизираше од каде …
Continue Reading
Ѓоковиќ: Секогаш кога играм Грен слем губам по еден живот
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за „Јуроспорт“ пред почетокот на Мастерсот во Париз. Едно од прашањата се однесуваше и на подобрувањето на рекордот на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ, на почетокот на септември на Ју-Ес опен ја освои 24. Гренс слем титула во кариерата. Новинарот го интересираше дали веќе подготвува јакна со бројот 25, како што беше случајот кога ги освои …
Continue Reading