Тешко повреден охриѓанец, кога со мопедот што го управувал излетал од патот

Вчера во 12.50 часот било пријавено дека во с.Велгошти-охридско мопед „томос“ без регистарски таблици, управуван од Т.К.(54) од Охрид, излетал надвор од коловозот. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата.

Continue Reading

Отворен Најголемиот регионален онлајн саем за вработување – Повеќе од илјада огласи за вработување!

Синоќа точно на полноќ своите виртуелни врати ширум ги отвори 14-тиот Регионален саем за вработување, (линк http://www.regionalensaemzavrabotuvanje.com) најголемата онлајн средба на работодавачи од регионот во потрага по квалитетни вработени и кандидати за работа! Компаниите од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина седум дена почнувајки од денес, 24 Октомври, па сè до 31 Октомври ви нудат можност да си …

Continue Reading

Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство, реагира Македонскиот дипломатски синдикат

Македонскиот дипломатски синдикат изразува загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи, во која, како што велат, покажува виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи. „Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните …

Continue Reading

Наполи без Елмас во Берлин, Баерн во Истанбул, Јунајтед мора да победи

Лигата на шампионите продолжува со натпреварите од третото коло, за вторник се закажани осум дуели во групите А, Б, Ц и Д. Два натпревари ќе започнат во 18 часот и 45 минути, додека останатите шест се играат од 21 часот. Галатасарај го пречекува Баерн Минхен во групата А. Двата тима победија во првите две кола, што значи дека ова ќе …

Continue Reading

На потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга пронајдени осум рибарски мрежи

Денеска по преземени мерки и активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми, извести СВР Охрид. Се преземаат …

Continue Reading

Левица: Нема термини за прегледи за рак на дојка поради катастрофалната состојба во здравството

„Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики на власта, ги остави жените без термини за преглед на рак на дојка. Eлектронскиот начин за регистрација за скрининг мамографија на системот “Мој термин” е преполн уште од јули 2023, а до крајот на годинава, нема ниту еден слободен термин! Дополнително, термините за 2024 година воопшто не се пуштени, а министерството за здравство …

Continue Reading

На патот Тетово-Волковија: Не застанал на дадена наредба, со возилото удрил полицаец, па избегал од местото на несреќата

Вчера околу 16 часот и 15 минути, на регионалниот пат Тетово-Волковија, товарно моторно возила „фиат дабло“ со гостиварски регистарски ознаки, најпрво не застанало на дадена наредба од полициските службеници на СВР Тетово, а веднаш потоа враќајќи се наназад удрило во еден од нив додека преземал службени дејствија и го напуштило местото, извести СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading

Османи: ОБСЕ има витална улога во градењето капацитети за справување со сајбер безбедносните предизвици

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, но истовремено и клучна алка во системот на сајбер безбедноста. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер/ИТК безбедност насловена …

Continue Reading

Османи: Прашање на логистика е дали изборите ќе бидат заедно или одвоено доколку не се изгласаат уставните измени

Опозицијата има можност да го избере датумот и за претседателските и за парламентарните избори доколку ги изгласа уставните измени. Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека можноста за избор што ја даваат на опозицијата е фер понуда од страна на владејачката гарнитура. „ Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите. Кога и …

Continue Reading