Израелската армија: Подготвени сме за координирана офанзива во Газа
Израелската војска објави дека е подготвена за „координирана“ воздушна, копнена и поморска офанзива во Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија соопштение во кое се вели дека се подготвуваат да „спроведат широк опсег на оперативни офанзивни планови“ – без да прецизираат кога тие ќе се случат. Плановите би можеле да вклучуваат „комбинирани и координирани воздушни, морски и копнени напади“, се вели …
Continue Reading
Дорси два месеци во аут
Кошаркарот на Фенербахче, Тајлер Дорси, поради повреда ќе отсуствува два месеци, објави клубот од Истанбул на официјалната веб-страница. Дорси (27) заработи скршеница на метатарзалната коска на десното стапало на натпреварот против Валенсија во петокот вечерта и ќе биде подолго време надвор од терените. Поради повредата ќе пропушти голем број важни натпревари во Евролигата. Отсуството на Дорси ќе биде тежок удар …
Continue Reading
Милевски: Поразот е неминовен кога не се користат шансите
Tопспорт вo Прага, Никола Ѓуровски Македонија загуби од Украина (2-0) и ги загуби шансите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на Благоја Милевски, во Прага, не успеаја да ги искористат своите шанси, што противник од рангот на Украина знаеше како да го казни. Селекторот Милевски е горд на своите избраници, од начинот на кој штп се спротвставиле на теренот, но …
Continue Reading
Тајните документи откриваат: Масакрот што го изврши Хамас можеби бил планиран една година
Милитантите на Хамас можеби го планирале својот смртоносен напад во јужен Израел повеќе од една година, покажуваат документите до кои дојде Скај њуз. Осум страници со ознака „строго доверливо“ наводно биле пронајдени на телата на загинатите борци на Хамас. На корицата на документите стоел датумот „Октомври 2022 година“. Ова може да значи дека плановите биле поставени најмалку 12 месеци пред …
Continue Reading
УНИЦЕФ: За една недела убиени 700 палестински деца во Газа
Повеќе од 700 деца се убиени во Газа, а уште 2.450 се повредени од минатата сабота, соопшти УНИЦЕФ, повикувајќи се на локални извори. „Според најновите извештаи на локалните здравствени власти и медиумите, најмалку 2.215 Палестинци наводно се убиени, вклучително и повеќе од 700 деца, а повеќе од 8.714 луѓе се ранети, вклучително и повеќе од 2.450 деца“, портпаролката на УНИЦЕФ, …
Continue Reading
Нереална серија на патриот Гризман
Антоан Гризман е најголемиот патриот меѓу фудбалерите, барем во сегментот дека „љубовта се покажува со дела, а не со зборови“. Во победата на Франција против Холандија од 2:1 во квалификациите за Европското првенство, одличниот напаѓач на Атлетико од Мадрид го одигра 124. натпревар за националниот тим. Сепак, уште поимпресивно звучи податокот дека за Франција одигра дури 81 натпревар во низа. …
Continue Reading
Откриени 33 мигранти во приколка од камион кај Старо Нагоричане, возачот побегнал
Триесет и тројца мигранти биле откриени од полицијата вчера во приколка на камион во близина на Старо Нагоричане. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11.15 часот полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане дале знак за запирање на товарно возило „сканија” со велешки регистерски таблички, по што возачот застанал и го напуштил местото на настанот. – При …
Continue Reading
По Лувр, евакуирани и Гар де Лион и дворецот Версај поради дојава за бомба
Дворецот Версај во Париз е евакуиран поради дојава за поставена бомба, пренесува весникот „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори. Се додава дека на веб-страницата moncommissariat.fr е добиена анонимна дојава, а дворецот ќе биде затворен до крајот на денот. Претходно поради закана за поставена бомба беше затворен и познатиот музеј Лувр, јави француската ТВ БФМ, повикувајќи се на полициски извори. Попладнево, …
Continue Reading
Уште утре топло време, од понеделник дожд и пад на температурите за над 10 степени
Времето утре наутро ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста …
Continue Reading